← Techstars Blog

Што е Startup Weekend?

Startup Weekend претставува 54 – часовен глобален настан каде се здружуваат програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат, каде ментори се локални и меѓународни стартап експерти.

Во Скопје, овој настан оваа година ќе се одржи по 4ти пат од 8ми до 10ти мај  каде се очекуваат повеќе од 75 учесници и многу локални и меѓународни ментори и судии. Минатогодишниот Startup Weekend Skopje се одржуваше од 19ти до 21ви септември во просториите на New Man’s Business Accelerator каде имаше над 60 учесници, 11 ментори и околу 20 волонтери.

Сакате да станете официјален блогер за Startup Weekend Скопје?

Напишете зошто сакате да присуствувате на Startup Weekend Skopje за шанса да ја добиете титулата „Официјален блогер и медиум“.

5 зошто, 5 затоа:

  • Изложете го вашиот блог/медиум на бизнис, технологија и иновативни лидери

  • Поврзете се со претприемачи, стартапи, дизајнери и инженери

  • Добијте информации и слики од прва рака

  • Имајте пристап до сите тимови, ментори и што е тоа што тие го прават

  • 54 часа забава!

Како да станете официјален блогер/медиум на SW Skopje:

  • Објавете блог пост „Зошто сакам да присуствувам на SW Skopje“ на Англиски или Македонски до 26ти Април

  • Споделете го на Facebook и Twitter со хаштаг #SWSkopje

  • Пополнете ја апликацијата подолу

Организаторите ќе ги одберат Официјалните SW Skopje блогери и медиумски партнери и ќе ги известат преку меил до 28ти Април. Одбраните кандидати треба да го потврдат своето присуство до 1ви Мај. 5 блог постови ќе бидат официјално објавени на страницата на Up Global Sw Skopje.

Application form


, , ,


Eva Piperevska