← Techstars Blog

Дали сте бизнисмен или претприемач? Дали некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу двете?

Бизнисмените и претприемачите имаат многу сличности, една од нив е тоа што тие нудат работа за невработените, даваат решенија на клиентите и помагаат во создавањето на економијата на одредена нација. Покрај ова, тие не доаѓаат со ист склоп на принципи и модели на размислување.

Следните 10 искази се главните разлики помеѓу бизнисмените и претприемачите:

Оригиналоста на идејата

Бизнисменот може да создаде бизнис од неоригинална идеја. Тој влегува во постоечки бизниси како што се франшизите или продажните салони. Одбира дел од пазарот којшто е полн со клиенти и профит, безразлика дали тоа било негова оригинална идеја или пак била позајмена од некој друг.

Претприемачот е изумител и е првиот создавач на својот производ. Тој инвестира време, енергија и пари на сопствената идеја. Тој не почнува бизнис од неоригинална идеја. Тоа е причината зошто претприемачот започнува со start-up, додека бизнисменот започнува со бизнис.

Намената на подвигот

Повеќето бизнисмени работат со бизнис за профит, живеачка, за достигнување на своите финансиски цели и за станување на сам свој шеф. Всушност, има некои бизниси коишто не се ориентирани кон профит, туку напротив кон својот најважен капитал, луѓето. Тие се повеќе засегнати со искуството на нивните вработени и задоволството на своите муштерии.

Претприемачите се повеќе засегнати кон менување на светот. Тие сакаат да ја следат својата пасија и да остварат врховна цел. Тие не се фокусираат на финансиски награди, туку кон она што тие можат да му го дадат на светот. Нивната цел за да бидат претприемници е едноставно на направат промена во овој свет.

На основа на преземени ризици

Бизнисмените преземаат калкулирани ризици. Тие не можат да си дозволат да изгубат пари и да страдаат од банкрот. Поради ова тие секогаш ја пресметуваат ситуацијата кога станува збор за бизнис.

Претприемачите се како падобранци, преземаат луди ризици. Тие често не се грижат дека ќе губат пари и време само за да ја следат својата пасија. Но бидејќи го прават тоа со љубов, радост и жар, тие често добиваат извонредни награди. Бидејќи претприемачите го прават она што го сакаат најмногу, тие го вложуваат најдоброто од себеси, притоа резултирајќи со повеќе успех.

Според тоа како ги третираат своите вработени

Сопственикот на еден бизнис е работодавец и менаџер. Тој ги најмува вработените за да помогнат неговиот бизнис да расте. Претприемачот е пријател и лидер. Тој наоѓа врсници и луѓе, коишто никогаш не ги третира како машини. Тој ги поканува да му помогнат да порасне.

Со тоа како ги третира муштериите

Еден бизнис сопственик вообичаено ги доживува своите муштерии како негов извор на приходи и купувачи на неговиот производ. За него, муштериите се животната сила на бизнисот.

Претприемачот ги гледа своите муштерии како негов извор за должност и исполнетост. За него, неговите муштерии се неговата сопствена животна сила.

Во тоа како ја доживува конкуренцијата

Бизнис сопственикот се обидува најдобро што може да ги победи своите конкуренти и да ја победи конкуренцијата. Тој исто така размислува и на соработка за да постигне одредени цели.

Претприемачот се обидува најдобро што може да го победи својот најлош конкурент… Себеси.

Во тоа како размислува за пари

Губењето на парите е една од најголемите грижи на бизнисменот. Повеќето сопственици на бизнис, се потпираат на добра економија да отпочнат, оперираат и достигнат успех во бизнисот, особено во продажбата, франшизите и финансиската индустрија.

Претприемачите не се грижат многу за парите, бидејќи секогаш можат да почнат од ништо. Некои претприемачи воопшто и не им е гајле за парите.

Во тоа како се справува со времето

Бизнисменот не сака да губи време. Тој секогаш си го проверува часовникот и не сака ниту малку работа да истече надвор од неговиот распоред. Тој е брз и секогаш на нога.

Претприемачот работи како уметник или пак научник во лабароторија. Неговиот произвот е неговото ремек-дело. Поради тоа тој може да биде спор и да си дозволи поголем период на време за да го заврши и усоврши својот производ.

Во тоа како го гледа светот

Бизнисменот секогаш го гледа светот како можност. Тој го гледа како можност да заработи за живот. Тој исто така гледа можност да им помогне на луѓето кои живеат во него.

Претприемачот наместо можност го гледа светот како должност.

Во тоа како го дефинира успехот

Бизнисменот го дефинира својот успех како успехот на неговиот бизнис и сите заинтересирани страни, коишто го вклучуваат него, неговите ко-сопственици, вработени, клиенти, инвеститори и дури неговата заедница.

Претприемачот не дефинира успех воошто. Тој само си ја врши својата должност и дозволува историјата да го дефинира успехот којшто го постигнал.

Оваа листа не е конечна и не би требало да се земе здраво за готово. На светот му требаат бизнисмените и претприемачите, а дури и тие си требаат помеѓу себе.

Вреди да се напомене исто така дека постојат и луѓе коишто се делумично бизнисмени, делумично претприемачи… Дали ова е успешен микс?

Ако сте спремни да станете иден македонски претприемач, дојдете на Стартап Викенд Скопје и започнете го вашиот стартап!

Original story by Zoran Spirkovski

 



Eva Piperevska