← Techstars Blog

Дали знаеш што е Стартап Викенд, како да се регистрираш, што треба да донесеш и како да се подготвиш? Одговорите на овие и многу други прашања ќе можете да ги прочитате тука, а доколку имате други прашања слободно можете да нè контактирате на skopje@startupweekend.org или во порака на нашата фан страна.


1. Што е Стартап Викенд?

Стартап Викенд е 54-часовен настан, каде програмери, дизајнери, маркетинг експерти, продукт менаџери и стартап ентузијасти се собираат да ги споделат своите идеи, да создадат производи и да ги лансираат своите стартап компании! Учесниците ќе имаат можност да работат со ментори кои се искусни експерти во своите области, а на крајот ќе ги презентираат своите идеи пред жирито, а за најдобрите ќе има специјални награди и изненадувања 🙂

2. Дали овој настан е за мене?

Учесниците на настанот припаѓаат на различни сфери, најголемиот дел имаат технички (програмери, кодери, дизајнери) или бизнис познавања (маркетинг, финансии, право). Она што ги обединува сите присутни е заедничкиот интерес на претприемништвото, независно дали веќе имаат искуство или прв пат стапнуваат на стартап сцената. Сите учесници сакаат да работат во тим кадешто ќе најдат заеднички интереси, ќе бидат мотивирани и вешти во тоа што го прават за да развијат продукт или бизнис за еден викенд. Ако ова ти е доволно примамливо, Стартап Викенд Скопје е настан за тебе!

3. Дали може да дојдам сам/а или мора да се пријавам со тим?

Не мора да се пријавиш во тим, може и сам. Меѓутоа тоа што треба да го знаеш е дека ако твојата идеја (или идејата на твојот тим) не биде изгласана од страна на присутните од кога ќе завршат сите презентации, ќе треба да се приклучиш на некој од останатите тимови. Целта на гласањето не е да се исклучат некои идеи, туку да се истакнат најпопуларните и тие со најголем потенцијал, а тимовите да бидат што е можно поразновидни од апспект на претходни познавања и одредени вештини на членовите.

4. Како да се регистрирам?

Секој Стартап Викенд настан има соодветен сајт каде што можеш да се регистрираш. За Стартап Викенд Скопје тоа е www.sw.mk, а картите можете да ги купите на следниов линк.

5. Колку чинат картите?

Early bird картите кои ќе траат до 20ти Октомври се по цена од 19.99€, а потоа цената ќе биде 29.99€. Картите за студенти ќе имаат фиксна цена од 14.99€. Во цената се вклучени храна и пијалоци за сите три дена од настанот.

6. Зошто треба да платам за да присуствувам на настанот?

Постојат две главни причини за ова:
• Ова е начин да се покријат делумно трошоците за организирање на настанот. Бидејќи само мал дел од трошоците може да се покријат, останатиот дел се обидуваме да биде покриен од страна на спонзорите.
• Исто така е начин да бидеме сигурни за посветеноста од страна на учесниците, а притоа настанот да остане прифатлив и достапен за сите.

7. Што треба да понесам со мене на настанот?

• Лаптоп и полнач
• Бизнис картички – одлично место за нетворкинг и запознавање нови лица
• Сè она што ќе ти биде потребно доколку останеш 3 дена да работиш без да се вратиш дома 🙂
• Позитивна енергија и мотивација

8. Како да се припремам пред да дојдам?

• Направи истражување за какви корисни и практични стартап алатки можеш да користиш, како и за последните иновативни стартап решенија. На www.startupweekend.org/resources има датабаза од алатки кои може да се најдат на интернет, кои ќе ти помогнат во реализацијата на твојата стартап идеја.
• За време на настанот нема да имаш многу време за спиење, затоа претходните денови одвој си доволно време за да ги наполниш батериите.
• Ако планираш да презентираш, во 60 секунди треба да ги убедиш присутните да гласаат за твојата идеја и да привлечеш тим со кој ќе работиш. Затоа направи доволно истражувања, подготовки и вежбај си го говорот (макар и пред огледало).
• Пред да започне настанот за сите што ќе сакаат да бидат дел од Стартап Викенд ќе биде организирна Стартап Викенд Академија на која што ќе се предаваат теми како Pitching, Марктинг, Дизајн, Претрпиемништво, Бизнис… Сето ова ќе биде за викендот од 20ти до 22ри Ноември да дојдете со доволно знаење и стекнато искуство за да можете најефикасно да работите и во 54 саати вашата идеја да ја претворите во бизнис. (Повеќе детали следуваат.)

9. Дали морам да работам 54 саати без престан?

Не. На некои настани тимовите одлучуваат да работат во петок и/или сабота навечер, но ова ниту е задолжително, ниту се очекува од тимовите. Сепак, за поамбициозните просторот каде што ќе се оджува Стартап Викенд Скопје ќе биде отворена и во текот на ноќта.
no sleep till perfect

10. Какви идеи можам да презентирам?

Најголем дел од презентираните идеи на досегашните настани се поврзани со веб или мобилни апликации. Но, секој е различен и индивидуалноста се цени. Можеш да презентираш идеја за одреден производ, сервис или било каква идеја што ти сметаш дека е креативна, иновативна и вредна да стане бизнис.


Не чекајте до последен момент, early-bird влезниците се ограничени.

2015_09_09_register_now

 

 


, , , , , ,


Viktorija Nikolovska