← Techstars Blog

Меѓу успешните стартап приказни кои произлегоа после Стартап Викенд Скопје е и SociaLab кој на минатогодишниот настан ја претставија идејата The Offline Social Network.

Идеата за продуктот е да се создаде мобилна и веб платформа која што би помогнала обичните корисници на социјалните мрежи да поминат помалку време гледајќи во екраните од телефоните и компјутерите и да се социјализираат повеќе во вистинскиот свет без да се намали нивното присуство на социјалните мрежи. За нивната активност на апликацијата тие ке добиваат награди од типот на попусти и гратиси.

Од SociaLab деновиве зборувавме со основачот Волхан Салаи, кој го сподели своето досегашно искуство после Стартап Викенд.

The Offline Social Network_

Дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

На Стартап Викенд Скопје имавме само мокап за iOS. Од тогаш имаме развивано Android апликација која што ке биде пуштена во бета во Македонија, се надеваме пред следниот стартап викенд на 8ми Мај.

Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Ние всушност најдовме инвеститори две недели пред почетокот на стартап викенд. Но како што знаете можат на една рака да се избројат стартапите кои што имаат добиено инвестиција од Ангел инвеститори од странство така да беше многу тешко да се направи целиот процес на примање на инвестицијата и се одлагаше многу поради административни проблеми. Но можам да кажам дека сме скоро готови, преостанува уште многу малку, според планот за една недела ке имаме основана компанија со примена инвестиција. Инаку инвеститорите се од Норвешка и од Америка, не би сакале да објавиме колкава е количината на инвестицијата.

Што е она што го добивте на последниот #swskopje?

Ух.. што да кажам попрво. Добивме големо искуство, на пример прв пат во живот презентирав нешто пред публика поголема од 1 човек. Исто така запознав многу важни, успешни, паметни и страсни луѓе од малиот но ветувачки свет на стартапи во Македонија. Морам да се пофалам дека, баш на стартап викенд запознавме многу паметни и успешни ментори. Благодарение на еден од нив, денес имаме неофицијално партнерство со над 300 големи успешни компании во Америка меѓу кои што се, McDonald’s, Pepsi, Ford, P&G и многу други.

 Дали се гледаме пак на 8ми Мај?

Секако. Многу сум возбуден за следниот стартап викенд. Бидејќи сигурен сум дека овој пат ке биде подобар, поголем, позабавен, понапорен, поуспешен и сега преостанува вистинскиот предизвик да се победи. За 8ми Мај се спремаме, и ќе дојдеме спремни за победа 🙂 се надевам дека нема да биде лесно.

 Картите за Стартап Викенд Скопје се веќе во продаба. Повеќе информации за како да бидете и вие дел од настанот можете да пронајдете тука.


, ,


Eva Piperevska