← Techstars Blog

Серијата на успешни и интересни стартап приказни кои произлегоа од Стартап Викенд Скопје продолжува. За таа цел направивме кратко интервју со дечките од ВозиМе – тим кој создаде македонската платформа за споделување на превоз со повеќе од 700 активни корисници.

swskopje3

  1. Вие бевте учесници на четвртиот Стартап Викенд. Дали продолживте да работите како тим и дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Идејата за ВозиМе беше презентирана на четвртиот Стартап Викенд, и покрај тоа што бевме во победниците, со мали измени во тимот, продоживме да работиме на проектот. Околу година подоцна, ВозиМе е функционална веб апликација која се обидува да се позиционира како сериозен играч на пазарот на траспорт. Во моментов ВозиМе е во бета фаза, но имаме над 700 регистрирани корисници, над 300 споделени превози или во км над 70.000 км извозени на нашата платформа по само неколку месеци од пуштањето во употреба.

-Стартап Викендот ни представуваше одлично место на поаѓање за на нашето Возење. Со мали измени во тимот успеавме нашата идеја, година подоцна да се реализира во целосно функционална веб платформа која се обидува да се позиционира како сериозен играч на паарот на транспорт. До моментот заедно се извозени  повеќе од 70 000 км во  забава и запознавање на нови пријатели.

  1. Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Досега не сме нашле инвеститор, но искрено, не сме ни барале. Засега се концентрираме на градење на база на корисници, тестирање и усовршување на прозиводот се дури не стигниме и валидираме МВП. После ова, планираме целосно да се посветиме на барање на инвестиции.

  1. Што е она што го научивте на последниот #swskopje и што би смениле доколку повторно ја имате истата можност да се натпреварувате?

На Стартап Викендот научивме колку е битен тимот и егсекуцијата на самата идеја. Имаше огромен број на идеи, исто така голем број на тимови, но најуспешните беа тие што најповеќе го инвестираа своето време и труд во нивните прототипови.

Ние веруваме дека се се случува со причина, па не би менувале многу околу тој викенд.

  1. Што им препорачувате на тие што планираат да дојдат на #swskopje?

На идните учесници на Стартап Викендот им препорачуваме да не спијат и да не се враќаат дома. Да се запознаваат со нови професионалци, да работат напорно на нивните проекти, да учат и да ги искористат максимално судиите и менторите.

  1. Дали се гледаме пак на 28ми Октомври?

Се разбира дека ДА. Ние редовно се ВозиМе на секој Стартап викенд. 🙂

Дали вие ќе учествувате на овогодинешниот Стартап Викенд Скопје? Пријавете се уште денес на: www.sw.mk или земете ја вашата карта овде.
Eva Piperevska