← Techstars Blog

Со големо финале кое се одржа во петокот заврши петтиот Стартап Викенд Скопје. Овој пат, бизнис комплексот CoSeed беше домаќин на повеќе од 60 учесници, кои со помош на 20 локални и интернационални ментори ги развиваа своите стартап идеи. По петти пат Стартап Викенд Скопје беше место каде што се спојуваат млади креативни ентузијасти, дизајнери, програмери, економисти, маркетери, со една заедничка цел, да креираат своја стартап компанија за 54 часа.

DSC_0533

Во петокот беа презентирани 21 идеја, од кои по гласањето се формираа 12 тима. Саботата беше резервинрана за менторските сесии и подетално развивање на идеите. Тимовите добија совети околу маркетинг стратегија, креирање бизнис план, дизајнирање на апликации, но имаше време и за запознавање, одмор и заедничко дружење. Во неделата се работеше на последните подготовки за презентациите, дефинирање на идеите и најважниот дел, финалето. Тимовите ги презентираа своите идеи пред 5-членото жири, а ова се најуспешните од нив:

 

Третото место го освоија mono.mk, онлајн сервис кој ќе ви помогне да го решите парадоксот на изборот и ќе ви понудат еден продукт дневно по многу достапна цена. Совршена опција за неодлучни луѓе.

DSC_0480

Второто место им припадна на Slapp, апликација која на интересен начин ќе ви помогне да ја победите прокрастинацијата. Тие беа еден од тимовите кои ни презентираа и демо верзија.

DSC_0490

На #swskopje во Мај го освоија второто место со апликацијата NowPark.me, а овој пат првото место отиде во рацете на NCS, тим кои сакаат преку апликацијата VoiTEx да им помогнат на глувите и лицата со оштетен слух да воспостават телефонски повик.

DSC_0505

За најдобра презентација беше прогласен тимот Legend Squad, односно најмладиот тим чија идеја беше да направат Mindcraft сервер. Мораме да напоменеме дека овој тим беше едноставно awesome!

DSC_0444

StudieBuddies преку онлајн социјална платформа го решаваат проблемот со кој се соочуваат студентите кои не студираат во својот роден град и има за цел да ги поврзе оние кои имаат заеднички интерес, да учат заедно или пак да споделуваат материјали. WeLearn со апликацијата Буфко сакаат на младите деца од пред школска возраст да им овозможат забава и учење преку игри со кои можат да ја подобрат својата меморија. BusHelp имаат за цел да го решат проблемот со јавниот транспорт во Скопје. Идејата на FreshFridge е секогаш да имаме достапна здрава храна, а тоа ќе го решат преку достава до секој дом. ConDoma го решаваат проблемот што го имаат луѓето на каса кога купуваат производи кои им предизвикуваат срам и преку онлајн сервис овозможуваа дискретна достава до посакувана локација во брендиран пакет по избор. Идејата на StudentNinja е едукативна платформа која ги поврзува учениците, професорите и родителите и овозможува интерактивно учење. Тимот 1000 работеа на веб страна која ќе овозможува групно принтање. И за крај EBLApp, платформа каде што ќе може да го најдеш кредитот кој ти е потребен со пополнување на онлајн формулар што ќе проверува какви услуги нудат банките, со цел да можеме полесно да ја избереме онаа која најмногу ни одговара.

 

Со успешното завршување на Стартап Викенд Скопје уште еднаш се покажа дека во Македонија има многу креативни и вредни, млади луѓе, со квалитетни идеи кои можат да прераснат во успешни бизниси. Искуството со кое се збогатија учесниците на овој настан ќе им помогне при идните предизвици, а контактите кои ги стекнаа ќе им бидат од огромно значење при реализацијата на нивните идеи.

 Уште еднаш би сакале да се заблагодариме на сите кои ја поддржаа македонската стартап заедница преку нашиот настан:

Галеријата со слики од настанот можете да ја видите на фан страната на фејсбук, а твитовите што одеа за време на настанот ќе ги најдете на твитер под хаштагот #swskopje.

Следете нè и очекувајте го наредниот настан во 2016.

 


, , , , , , , , , , , ,


Viktorija Nikolovska