10 Прашања што сакам да ги знам за Стартап Викенд Скопје

Дали знаеш што е Стартап Викенд, како да се регистрираш, што треба да донесеш и како да се подготвиш? Одговорите на овие и многу други прашања ќе можете да ги прочитате тука, а доколку имате други прашања слободно можете да нè контактирате на skopje@startupweekend.org или во порака на нашата фан страна.

Што е Стартап Викенд?

Стартап Викенд е 54-часовен настан, каде програмери, дизајнери, маркетинг експерти, продукт менаџери и стартап ентузијасти се собираат да ги споделат своите идеи, да создадат производи и да ги лансираат своите стартап компании! Учесниците ќе имаат можност да работат со ментори кои се искусни експерти во своите области, а на крајот ќе ги презентираат своите идеи пред жирито, а за најдобрите ќе има специјални награди и изненадувања

2. Дали овој настан е за мене?

Учесниците на настанот припаѓаат на различни сфери, најголемиот дел имаат технички (програмери, кодери, дизајнери) или бизнис познавања (маркетинг, финансии, право). Она што ги обединува сите присутни е заедничкиот интерес на претприемништвото, независно дали веќе имаат искуство или прв пат стапнуваат на стартап сцената. Сите учесници сакаат да работат во тим кадешто ќе најдат заеднички интереси, ќе бидат мотивирани и вешти во тоа што го прават за да развијат продукт или бизнис за еден викенд. Ако ова ти е доволно примамливо, Стартап Викенд Скопје е настан за тебе!

3. Дали може да дојдам сам/а или мора да се пријавам со тим?

Не мора да се пријавиш во тим, може и сам. Меѓутоа тоа што треба да го знаеш е дека ако твојата идеја (или идејата на твојот тим) не биде изгласана од страна на присутните од кога ќе завршат сите презентации, ќе треба да се приклучиш на некој од останатите тимови. Целта на гласањето не е да се исклучат некои идеи, туку да се истакнат најпопуларните и тие со најголем потенцијал, а тимовите да бидат што е можно поразновидни од апспект на претходни познавања и одредени вештини на членовите.

4. Како да се регистрирам?

Секој Стартап Викенд настан има соодветен сајт каде што можеш да се регистрираш. За Стартап Викенд Скопје тоа е www.sw.mk, а картите можете да ги купите на следниов линк.

5. Колку чинат картите?

Картите се по цена од 15.00€. Во цената се вклучени храна и пијалоци за сите три дена од настанот.

6. Зошто треба да платам за да присуствувам на настанот?

Постојат две главни причини за ова:
• Ова е начин да се покријат делумно трошоците за организирање на настанот. Бидејќи само мал дел од трошоците може да се покријат, останатиот дел се обидуваме да биде покриен од страна на спонзорите.
• Исто така е начин да бидеме сигурни за посветеноста од страна на учесниците, а притоа настанот да остане прифатлив и достапен за сите.

7. Што треба да понесам со мене на настанот?

• Лаптоп и полнач
• Бизнис картички – одлично место за нетворкинг и запознавање нови лица
• Сè она што ќе ти биде потребно доколку останеш 3 дена да работиш без да се вратиш дома ?
• Позитивна енергија и мотивација

8. Како да се припремам пред да дојдам?

• Направи истражување за какви корисни и практични стартап алатки можеш да користиш, како и за последните иновативни стартап решенија. На www.startupweekend.org/resources има датабаза од алатки кои може да се најдат на интернет, кои ќе ти помогнат во реализацијата на твојата стартап идеја.
• За време на настанот нема да имаш многу време за спиење, затоа претходните денови одвој си доволно време за да ги наполниш батериите.
• Ако планираш да презентираш, во 60 секунди треба да ги убедиш присутните да гласаат за твојата идеја и да привлечеш тим со кој ќе работиш. Затоа направи доволно истражувања, подготовки и вежбај си го говорот (макар и пред огледало).

9. Дали морам да работам 54 саати без престан?

Не. На некои настани тимовите одлучуваат да работат во петок и/или сабота навечер, но ова ниту е задолжително, ниту се очекува од тимовите. Сепак, за поамбициозните просторот каде што ќе се оджува Стартап Викенд Скопје ќе биде отворена и во текот на ноќта.




#SWSkopje Success Story: VoziMe

Серијата на успешни и интересни стартап приказни кои произлегоа од Стартап Викенд Скопје продолжува. За таа цел направивме кратко интервју со дечките од ВозиМе – тим кој создаде македонската платформа за споделување на превоз со повеќе од 700 активни корисници.

swskopje3

  1. Вие бевте учесници на четвртиот Стартап Викенд. Дали продолживте да работите како тим и дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Идејата за ВозиМе беше презентирана на четвртиот Стартап Викенд, и покрај тоа што бевме во победниците, со мали измени во тимот, продоживме да работиме на проектот. Околу година подоцна, ВозиМе е функционална веб апликација која се обидува да се позиционира како сериозен играч на пазарот на траспорт. Во моментов ВозиМе е во бета фаза, но имаме над 700 регистрирани корисници, над 300 споделени превози или во км над 70.000 км извозени на нашата платформа по само неколку месеци од пуштањето во употреба.

-Стартап Викендот ни представуваше одлично место на поаѓање за на нашето Возење. Со мали измени во тимот успеавме нашата идеја, година подоцна да се реализира во целосно функционална веб платформа која се обидува да се позиционира како сериозен играч на паарот на транспорт. До моментот заедно се извозени  повеќе од 70 000 км во  забава и запознавање на нови пријатели.

  1. Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Досега не сме нашле инвеститор, но искрено, не сме ни барале. Засега се концентрираме на градење на база на корисници, тестирање и усовршување на прозиводот се дури не стигниме и валидираме МВП. После ова, планираме целосно да се посветиме на барање на инвестиции.

  1. Што е она што го научивте на последниот #swskopje и што би смениле доколку повторно ја имате истата можност да се натпреварувате?

На Стартап Викендот научивме колку е битен тимот и егсекуцијата на самата идеја. Имаше огромен број на идеи, исто така голем број на тимови, но најуспешните беа тие што најповеќе го инвестираа своето време и труд во нивните прототипови.

Ние веруваме дека се се случува со причина, па не би менувале многу околу тој викенд.

  1. Што им препорачувате на тие што планираат да дојдат на #swskopje?

На идните учесници на Стартап Викендот им препорачуваме да не спијат и да не се враќаат дома. Да се запознаваат со нови професионалци, да работат напорно на нивните проекти, да учат и да ги искористат максимално судиите и менторите.

  1. Дали се гледаме пак на 28ми Октомври?

Се разбира дека ДА. Ние редовно се ВозиМе на секој Стартап викенд. 🙂

Дали вие ќе учествувате на овогодинешниот Стартап Викенд Скопје? Пријавете се уште денес на: www.sw.mk или земете ја вашата карта овде.



#SWSkopje Success Story: NCS

Серијата на успешни и интересни стартап приказни кои произлегоа од Стартап Викенд Скопје продолжува. За таа цел направивме кратко интервју со дечките од NCS – тим кои сакаат преку апликацијата VoiTEx да им помогнат на глувите и лицата со оштетен слух да воспостават телефонски повик.

startupweekendskopje-1

На петиот Стартап Викенд го освоивте првото место. Дали продолживте да работите како тим и дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Здраво на сите, па како сте Startup Weekend? Моментално тимот сеуште функционира така да спремете се во блиска иднина на еден земјотрес

Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Да ви кажам, сеуште не сме почнале да бараме инвеститор за VoITex, но не имаат исконтактирано неколку потенционални инвеститори.

Што е она што го научивте на последниот #swskopje и што би смениле доколку повторно ја имате истата можност да се натпреварувате?

Ептен ми е ќеиф што се наближува уште еден Startup Weekend, уште една дружба, нови идеи, нови пријателства… На секој ваков настан има многу да се научи, дали било кодирање, презентирање и сл. Самото тоа што има добри ментори од кои може да се научи премногу, доволно кажува присуството на ваков настан. Дали би смениле нешто? Хмммм……

 Што им препорачувате на тие што планираат да дојдат на #swskopje?

Ич да не се плашите да се пријавите. Топ забава, топ луѓе, неспиени ноќи J

Дали се гледаме пак на 28ми Октомври?

Тоа не се кажува 🙂




#SWSkopje Success Story: Slapp

Серијата на успешни и интересни стартап приказни кои произлегоа од Стартап Викенд Скопје продолжува. За таа цел направивме кратко интервју со дечките од Slapp – тим составен од ентузијасти кои работеа на апликација која на интересен начин помага да ја победите прокрастинацијата. Тие беа еден од тимовите кои ни презентираа и демо верзија.

swskopje

На петиот Стартап Викенд го освоивте второто место. Дали продолживте да работите како тим и дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Апликацијата не е изработена, но тимот е уште во истиот состав со истата енергија и уште работиме заедно.

Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Не. Според нас инвеститор е потребен за девелопмент доколку фалат луѓе во тимоти или за маркетинг. Во фаза на девелопмент не ни треба инвеститор бидејќи ние сме комплетен тим.

Што е она што го научивте на последниот #swskopje и што би смениле доколку повторно ја имате истата можност да се натпреварувате?

Ништо не би смениле, освен тоа што би ја завршиле апликацијата на време.

Што им препорачувате на тие што планираат да дојдат на #swskopje?

Да не бидат вработени. Да имаат добра идеја, да бидат најкреативни што можат, да бидат духовити и опуштени. Најважно од се е ДА ГИ ИМПРЕСИОНИРААТ СУДИИТЕ. И да се журкаат.

Си резервиравте Early bird карта?




Заврши уште еден Стартап Викенд Скопје

Со големо финале кое се одржа во петокот заврши петтиот Стартап Викенд Скопје. Овој пат, бизнис комплексот CoSeed беше домаќин на повеќе од 60 учесници, кои со помош на 20 локални и интернационални ментори ги развиваа своите стартап идеи. По петти пат Стартап Викенд Скопје беше место каде што се спојуваат млади креативни ентузијасти, дизајнери, програмери, економисти, маркетери, со една заедничка цел, да креираат своја стартап компанија за 54 часа.

DSC_0533

Во петокот беа презентирани 21 идеја, од кои по гласањето се формираа 12 тима. Саботата беше резервинрана за менторските сесии и подетално развивање на идеите. Тимовите добија совети околу маркетинг стратегија, креирање бизнис план, дизајнирање на апликации, но имаше време и за запознавање, одмор и заедничко дружење. Во неделата се работеше на последните подготовки за презентациите, дефинирање на идеите и најважниот дел, финалето. Тимовите ги презентираа своите идеи пред 5-членото жири, а ова се најуспешните од нив:

 

Третото место го освоија mono.mk, онлајн сервис кој ќе ви помогне да го решите парадоксот на изборот и ќе ви понудат еден продукт дневно по многу достапна цена. Совршена опција за неодлучни луѓе.

DSC_0480

Второто место им припадна на Slapp, апликација која на интересен начин ќе ви помогне да ја победите прокрастинацијата. Тие беа еден од тимовите кои ни презентираа и демо верзија.

DSC_0490

На #swskopje во Мај го освоија второто место со апликацијата NowPark.me, а овој пат првото место отиде во рацете на NCS, тим кои сакаат преку апликацијата VoiTEx да им помогнат на глувите и лицата со оштетен слух да воспостават телефонски повик.

DSC_0505

За најдобра презентација беше прогласен тимот Legend Squad, односно најмладиот тим чија идеја беше да направат Mindcraft сервер. Мораме да напоменеме дека овој тим беше едноставно awesome!

DSC_0444

StudieBuddies преку онлајн социјална платформа го решаваат проблемот со кој се соочуваат студентите кои не студираат во својот роден град и има за цел да ги поврзе оние кои имаат заеднички интерес, да учат заедно или пак да споделуваат материјали. WeLearn со апликацијата Буфко сакаат на младите деца од пред школска возраст да им овозможат забава и учење преку игри со кои можат да ја подобрат својата меморија. BusHelp имаат за цел да го решат проблемот со јавниот транспорт во Скопје. Идејата на FreshFridge е секогаш да имаме достапна здрава храна, а тоа ќе го решат преку достава до секој дом. ConDoma го решаваат проблемот што го имаат луѓето на каса кога купуваат производи кои им предизвикуваат срам и преку онлајн сервис овозможуваа дискретна достава до посакувана локација во брендиран пакет по избор. Идејата на StudentNinja е едукативна платформа која ги поврзува учениците, професорите и родителите и овозможува интерактивно учење. Тимот 1000 работеа на веб страна која ќе овозможува групно принтање. И за крај EBLApp, платформа каде што ќе може да го најдеш кредитот кој ти е потребен со пополнување на онлајн формулар што ќе проверува какви услуги нудат банките, со цел да можеме полесно да ја избереме онаа која најмногу ни одговара.

 

Со успешното завршување на Стартап Викенд Скопје уште еднаш се покажа дека во Македонија има многу креативни и вредни, млади луѓе, со квалитетни идеи кои можат да прераснат во успешни бизниси. Искуството со кое се збогатија учесниците на овој настан ќе им помогне при идните предизвици, а контактите кои ги стекнаа ќе им бидат од огромно значење при реализацијата на нивните идеи.

 Уште еднаш би сакале да се заблагодариме на сите кои ја поддржаа македонската стартап заедница преку нашиот настан:

Галеријата со слики од настанот можете да ја видите на фан страната на фејсбук, а твитовите што одеа за време на настанот ќе ги најдете на твитер под хаштагот #swskopje.

Следете нè и очекувајте го наредниот настан во 2016.

 




Повик за блогери на Стартап Викенд Скопје

sw-skopje

Што е Startup Weekend?

Startup Weekend претставува 54 – часовен глобален настан каде се здружуваат програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат, каде ментори се локални и меѓународни стартап експерти.

Во Скопје, овој настан оваа година ќе се одржи по 5ти пат од 20ти до 22ри Ноември во Бизнис Комплексот CoSeed каде што се очекуваат повеќе од 70 учесници, а дел ќе бидат многу локални и меѓународни ментори и судии. Минатогодишниот Стартап Викенд Скопје се одржуваше од 8ми до 10ти Мај оваа година во просториите на Телеком Иновативниот Центар каде имаше над 60 учесници, 15 ментори и околу 20 волонтери.

Сакате да станете официјален блогер за Стартап Викенд Скопје?

Напишете зошто сакате да присуствувате на Стартап Викенд Скопје за да станете „Официјален блогер и медиум“.

5 зошто, 5 затоа:

  • Изложете го вашиот блог/медиум на бизнис, технологија и иновативни лидери

  • Поврзете се со претприемачи, стартапи, дизајнери и инженери

  • Добијте информации и слики од прва рака

  • Имајте пристап до сите тимови, ментори и што е тоа што тие го прават

  • 54 часа забава!

Како да станете официјален блогер/медиум на SW Skopje:

  • Објавете блог пост „Зошто сакам да присуствувам на SW Skopje“ на Англиски или Македонски до 17ти Ноември

  • Споделете го на Facebook и Twitter со хаштаг #SWSkopje

  • Пополнете ја формата за апликацијата – Application form

Организаторите ќе ги одберат Официјалните SW Skopje блогери и медиумски партнери и ќе ги известат преку меил до 18ти Ноември. Одбраните кандидати треба да го потврдат своето присуство до 19ти Ноември.

Постовите на сите блогери ќе бидат официјално објавени на страницата на Up Global Sw Skopje.




Meet South Central Ventures

South Central Ventures (SCV), the manager of ENIF, is open for investments in startups in Macedonia, Albania, Kosovo, Croatia, Serbia, Montenegro, and Bosnia and Herzegovina. This October, the fund officially started operating with offices in Belgrade, Zagreb and Skopje. The Skopje team, led by Managing Partner Tatjana Zabasu, with Investment manager Ivana Stankovic and Associate Irena Efremovska, is responsible for covering Macedonia, Montenegro, Albania and Kosovo.

How can Macedonian startups approach the South Central Ventures office? 

South Central Ventures tend to be “start-up (or entrepreneur) – friendly”, so it should be quite easy to get to us. The best place to start from is definitely a recommendation, but we will also be present in as many events as possible, so start-ups can feel free to approach us and present their businesses. In fact, we’ll be at the upcoming Startup Weekend Skopje.

South Central Ventures do not operate like most of the accelerators that periodically invite start-ups to apply to get into their programs and get their funding. One can approach us whenever they feel ready to present their business. We would therefore use this opportunity and invite companies to approach us before they run out of money and desperately need an investment to continue operation, so that we can get to know them and learn more about what they do.

What kind of startups do South Central Ventures invest in?

The main focus is on startups and early stage companies that exploit new web, IoT, SaaS and similar technologies, catering to global client base, primarily with their B2B business models. Life science or nanomaterial companies are among those which are out of the scope of South Central Ventures, since those are too much capital intensive industries.

The wanted startup DNA: dream and do it BIG!

South Central Ventures is open only for startups that dream and do it big. Target are the most promising, high growth tech companies that aim to take their business global. Basically, South Central Ventures want to see the most ambitious, fresh-thinking, brave and relentless teams that work on conquering international markets. This is a fund for Earth-shakers, building solutions that disturb their industry and serve large global client base. Startups that limit their ambitions to local markets only are out of SCV’s investment focus.

What comes first: excellent team or good product?

Technology evolves fast, markets change… What remains constantly valued is an exceptional team of problem solvers, who are fully dedicated to international growth and expansion of the business. Thus South Central Ventures due diligence process is thus focused on the team, not only to the technology and solution.

At what stage are the investments made?

South Central Ventures is dedicated primarily to early stage and growth investments.Within the fund’s ‘seed pocket’, 1.5 million EUR are allocated to investments of up to 100 000 EUR per company. The majority of the funds is allocated for early stage and growth investments ranging from 0.5 – 2 million EUR per company. These investments should fuel the international business expansion and growth of the most promising tech startups that can show traction and prove their potential to “make it big”.

More than just money!

South Central Ventures go beyond financial investments and add additional value by leveraging the experience, knowledge and social capital of its ‘Founders’ Club’ members. The startups get smart money and are able to tap into the pool of the successful entrepreneurs, investors and mentors with extensive experience, and global personal networks. Hence the SCV motto is: Regional expertise – global reach.

Looking forward to meeting all the great teams and ideas at Startup Weekend Skopje!




#SWSkopje Success story: BrunchBox

Победници на минатиот Стартап Викенд Скопје беа тимот BrunchBox, чија идеја беше преку едноставна платформа бизнис луѓето да се поврзат, да договорат ручек или вечера, со цел да се запознаат или остварат соработка. Направивме интервју со нив, па прочитајте што има да каже победничкиот тим.

1. На четвртиот Стартап Викенд го освоивте првото место. Дали продолживте да работите како тим и дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Да, тимот е останат ист. Апликацијата е сè уште во рана фаза од изработката, се движи споро, но сигурно. Во моментов, апликацијата не е достапна за користење.

2. Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Не. Воопшто не сме размислувале на инвеститори. Сметаме дека најпрво треба да имаме добро истестиран MVP пласиран на пазарот. Денес сите се одлучуваат на земање на туѓи пари, пред воопшто да видат дали нивниот продукт може да генерира приходи. Ние би сакале да се обидеме сами да генерираме приходи преку продуктот, пред да побараме пари од други лица/места.

BrunchBox-1

3. Што е она што го научивте на последниот #swskopje и што би смениле доколку повторно ја имате истата можност да се натпреварувате?

Научивме многу. Научивме да функционираме како тим, да размислуваме трезвено, да носиме тешки одлуки и да ги бираме “битките” кои што ќе ги биеме. 🙂

Малкумина знаат дека вториот ден од #swskopje ни беше изгубен со расправии во тимот, кои што за среќа беа расчистени кон крајот на денот. Така да, единствено нешто што би смениле е процесот на вклучување на луѓе во тимот. Тимот е тој што победува и тој мора да работи како една целина. Доколку нема кохезија во тимот, шансите за победа се многу мали.

4. Што им препорачувате на тие што планираат да дојдат на #swskopje?

Доколку се двоумат, веднаш да купат карти. Искуството е феноменално. Кога ќе пристигнат на првиот ден од настанот, задолжително да ја престават својата идеја (pitch) бидејќи ќе се каат доколку не го направат тоа. 🙂 Многу да внимаваат во кој тим ќе влезат. А кога ќе влезат во тим, да се опуштат, да размислуваат и одлучуваат брзо, да бидат флексибилни и да го дадат максимумот од нив.

  1. Дали се гледаме пак на 20ти Ноевмри?

Се разбира. 🙂

 

Уште помалку од 3 часа остануваат за да резервирате Early bird карта за престојниот Стартап Викенд Скопје. Побрзајте! 🙂

 

 

 




#SWSkopje Success Story: NowPark.me

NowPark.me пробаа со апликација да решат еден голем проблем, а тоа е наоѓањето паркинг простор. Апликацијата овозможува изнајмување на вашето паркинг место додека вие сте на работа или пат, како и евиденција за слободни места на општинските паркинзи. Прочитајте ги нивните совети, како искусен тим имаат што да кажат.

 

1. На четвртиот Стартап Викенд Скопје го освоивте второто место. Дали продолживте да работите како тим и дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Се подразбира дека тимот што е успешен не се менува 🙂 Работиме напорно на апликацијата сите заедно и се надеваме дека апликацијата NowPark.me наскоро ќе биде достапна за сите оние кои сакаат полесно, побрзо да најдат паркинг, да ја симнат.

nowparkme-1

2. Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Моментално имаме заинтересирани инвеститори. Се надеваме дека после учеството на Pioneers of Balkans, каде што сме влезени во полуфинале, ќе успееме да привлечеме повеќе инвеститори 🙂

3. Што е она што го научивте на последниот #swskopje и што би смениле доколку повторно ја имате истата можност да се натпреварувате?

Поради тоа што прв пат учествуваме на #swskopje и тоа што како тим, втор пат бевме на таков настан (hackathon), научивме премногу. Најпрво што морам да го спомнам е тоа што запознавме толку многу паметни, скромни луѓе со големи идеи кои не се плашат да пробаат. Научивме како е да се работи под притисок, како да се работи напорно за да се успее во тоа што го имаме зацртано, како да бидеш успешен во тоа што го сакаш.

nowparkme-2

4. Што им препорачувате на тие што планираат да дојдат на #swskopje?

Hard working – Good looking  🙂

5. Дали се гледаме пак на 20ти Ноевмри?

Мислам дека нè има на список 🙂 Пазете се, напаѓаме!

 

Early bird картите се достапни до 20ти Октоври. Резервирајте и претворете ја вашата идеја во бизнис!

 




#SWSkopje Success Story: Dary

Направивме кратко интервју со дечките од Dary – тим составен од ентузијасти кои имаа апликација за споделување на фотографии со приватен круг на пријатели. Прочитајте ги нивните совети 🙂

 Dary (2)

  1. На четвртиот Стартап Викенд го освоивте третото место. Дали продолживте да работите како тим и дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Да, сè уште работиме како тим. После настанот продолживме да работиме на апликацијата уште малку време, меѓутоа резимирајки ги сите критики и насоки дадени од страна на менторите за време на Стартап Викенд се упативме кон поинаква насока.

  1. Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Имавме неколку разговори со инвеститори, но ништо повеќе од тоа.

  1. Што е она што го научивте на последниот #swskopje и што би смениле доколку повторно ја имате истата можност да се натпреварувате?

Научивме многу корисни работи околу целиот процес на создавање продукт од идеја. Научивме како правилно да ја презентираме идејата и како да ја продадеме пред инвеститорите. Доколку би се натпреварувале повторно не би смениле многу работи освен секако би спиеле повеќе за време на викендот (хаха).Dary-1

  1. Што им препорачувате на тие што планираат да дојдат на #swskopje?

Да бидат спремни со лист и пенкало и главната цел на настанот да им биде здобивање со што е можно повеќе знаење, а не да освојат прво место на настанот.

  1. Дали се гледаме пак на 20ти Ноевмри?

Секако!


Си резервиравте Early bird карта?




Pin It on Pinterest