← Techstars Blog

Како што веќе ви кажав, оваа недела, ќе ви ги покажеме основните причини, поради кои програмерите, дизајнерите и бизнис/маркетинг/ПР експертите, треба да дојдат на SW Скопје и да се дружат со нас.

Дизајнерите се најкреативните и инспиративни луѓе кои можеме да ги видиме во денешно време. Тие најчесто се мешавина од уметност и инжинерство. Тие можат да создадат ремек дела од една многу едноставна идеја.

Но често, дизајнерите „заглавуваат“ во процесот на завршување на проектот во целост. Доколку познавате барем еден дизајнер, сигурно знаете за што зборувам.

Тие многу често имаат потешкотии при завршувањето на работите, посебно кога за да се заврши тој проект според нив треба да се среди уште барем еден пиксел или да се додаде уште една идеја. Токму затоа, тука се програмерите и „не-техничките“ лица, кои можат да им помогнат на дизајнерите да ги завршат своите проекти.

Програмерите ќе можат таа идеја да ја претворат во нешто реално, додека пак бизнисмените или маркетинг специјалистите ќе можат да дадат совети како таа идеја да се промовира, рекламира и како од неа да се заработат пари.

Во еден тим сите членови се важни. А една добро дизајнирана идеја може да стане многу добар производ само ако таа е разработена од правилните луѓе.

Па ако сте многу добар дизајнер и имате многу јака идеја, дојдете на SW Скопје, а ние ќе ви помогнеме да ги запознаете најдобрите програмери и бизнисмени или маркетинг експерти кои ќе ви помогнат таа идеја да стане реалност.

Регистрирајте се на sw.mk! Ве очекуваме!


, , , ,


Eva Piperevska