← Techstars Blog

Минатата недела имавте можност да ги прочитате одговорите на најпоставуваните прашања сврзани со SW. Оваа недела, ќе ви дадеме неколку причини, зошто, програмерите, дизајнерите и бизнис/маркетинг/ПР специјалистите треба да дојдат и да се дружат со нас од 8-10 Мај во просториите на Telekom Innovation Center.

Јас не сум програмер, но за сметка на тоа, познавам многу (мажи и жени програмери) и според мене сите тие имаат еден исти начин на гледање на работите.

Е сега, сите ние знаеме дека програмираат (кодираат). Тој код се користи од мнооогу луѓе и без него, нашите омилени интернет работи (апликации, програми и веб страници) нема да постојат. Па така целиот бизнис сврзан со тие работи, нема да постои и луѓето како мене ќе останат без работа! (ако се чудите јас сум маркетинг експерт).

Е, добро тоа е мојата филозофија на работите.

Програмерите најчесто сметаат дека ако го напишат најдобриот код на светот, тој ќе биде лесен за пронаоѓање од страна на кориснциите, лесен за разбирање и користење.

Тие многу често се наоѓаат во стапица кога започнуваат да мислат дали тој код или производ  (на пример апликација), ќе им биде корисен на корисниците и да се трудат да ги разберат своите потенцијални потрошувачи. Така ако тие не можат да ги разберат корисниците, како тогаш ќе можат да создадат интересен производ за нив.

Токму тука е местото за дизајнерите и другите „не-технички“ лица, кои можат да им помогнат на програмерите. Дизајнерите на пример, ќе го направат производот визуелно поинтересен и забележлив, па така истиот тој нема да биде отфрлен од страна на корисниците уште пред тие да стигнат до кодот. Освен тоа тие ќе можат да создадат и лице на тој производ, да дизајнираат лого, да му дадат соодветни бои и шари кои ќе бидат брендирани само за него и по кои тој производ ќе биде препознатлив.

Од друга страна пак, бизнисмените или маркетинг експертите ќе можат да им кажат која е нивната потенцијална публика, каде треба да се рекламираат, кои се каналите по кои ќе го рекламираат својот производ, што сака нивната публика, кои се нивните потреби и сл.

Така тие со помош на своите вештини ќе им помогнат на програмерите подобро да ги разберат своите корисници и заедно да создадат производ кој ќе биде визуелно интересен, препознатлив и разбирлив за повеќето корисници и се разбира со многу добар код зад себе.

И еве како се прави производ од кој можете лесно да заработите!!

Секоја идеја бара тим кој ќе ја развие таа идеја. Секој тим треба да има разновидност. Секој член на тимот треба да има различни вештини кои ќе му помогнат на производот да биде лесно забележан, интересен, визуелно примамлив и се разбира со многу добар бекенд.

Па ако сте програмер кој има супер код и многу јака идеја, дојдете на SW Скопје и запознајте се со најдобрите дизајнери, маркетинг експерти, претприемачи и бизнисмени кои ќе ви помогнат да ја развиете таа идеја со успешен производ и бизнис.

Регистирајте се сега и купете ја својата карта за Startup  Weekend Skopje ( early bird картите можат да се купат до 1ви Април).


, , , , ,


Eva Piperevska