← Techstars Blog

Оваа недела имавте прилика да ги прочитате моите совети и причини, зошто програмерите и дизајнерите треба да дојдат на претстојниот Startup Weekend Скопје кој ќе се одржи од 8-10 Мај во просториите на Telekom Innovation Center. Во оваа статија, денес ќе ви дадам неколку причини зошто сите други треба да дојдат на овој настан.

Поимот  “non-technicals” најчесто се користи кога се претставуваат лица (експерти) во сферата на бизнисот, маркетингот, ПР или лица кои успеале да ја претворат својата идеја во успешен бизнис. Со други зборови кажано, тоа е група на луѓе со која треба да се запознаете.

Па ако сте бизнисмен, или маркетинг експерт или ако сте некој кој има идеја за успешен бизнис, но од друга страна има потреба од тим, Startup Weekend Скопје е местото каде треба да бидете од 8-10 Maj.

Зошто? Затоа што ќе имате уникатна можност да се запознаете со програмери и дизајнери кои ќе ви помогнат да ја развиете вашата идеја. Програмерите ќе ја разгледаат истата и ќе ви кажам дали е лесно или тешко тоа да се направи. Дизајнерите пак ќе направат така да таа ваша идеја, изгледа примамлива, интересна и визулено атрактивна.

Генерално гледано, секој кој ќе го запознаете на овој настан, ќе може да ви помогне на еден или на друг начин. Дали тоа ќе биде преку реална помош или пак само ќе ви даде совети затоа што треба да направите во иднина.

Затоа пријавете се и купете ги вашите early bird карти сега. Се гледаме во Мај.


, ,


Eva Piperevska