← Techstars Blog

Како што веќе знаете Startup Weekend е три-дневен настан. Првиот и вториот ден учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите идеи и да започнат да работат на прототип или демо верзија, а третиот ден специјална жири комисија составена од најдобрите специјалисти, претприемачи и претставници на стартап фондови ќе ги изберат најдобрите тимови.

Денешната статија е сврзана токму со гласањето и избирањето на победниците. Или поточно денес ќе ви го објаснам целиот процес на гласање.

Според универзалните правила на Startup Weekend, жири комисијата ќе го избере победникот според три категории:

Бизнис модел:

Бизнис моделот претставува срцето на целиот проект. Ако немате одговор на сите овие прашања, вие ќе го изгубите своето време на претставување на функции и на крај ќе морате да се вратите од почеток:

1. Кои се вашите корисници?

2. Која е вашата основна вредност на предлогот?

3. Кои се вашите најважни активности?

4. Кои се вашите приходи?

5. Која е вашата структурата на трошоците?

6. Кои се вашите најважни партнери/ресурси?

7. Кои се вашите канали за дистрибуција?

8. Која е вашата roll-out стратегија?

Одобрување од страна на потрошувачите:

Дали сте ги превзеле соодветните чекори со цел да им обезбедите поддршка на вашите потенцијали корисници и со тоа да ги зајакнете вашите претпоставки? Претставете си го ова одобрување од страна на корисниците како доказ за подобрување на вашиот бизнис модел. Колку повеќе коментари имате во врска со вашиот производ, толку поефикасна ќе биде вашата стратегија за развој на тој производ.

Процес на спроведување или извршување на планот/идејата

Овде треба да одговорите на едно прашање: што вие и вашиот тим успеавте да направите во текот на викендот. Дури и најсилниот бизнис планов, нема да е ефикасен ако немате тим кој ќе знае како да го спроведе тој план.

Објаснувајќи им на членовите на жири комисијата до каде сте стигнале со спроведувањето на тој план, ќе им даде претстава затоа како ќе изгледа вашиот производ, но ќе им даде претстава и за вас и вашите вештини. Запомнете, инвеститорите инвестираат не само во вашата идеја, но и во вашиот тим.

Тимовите имаат 5 минути да ги презентираат своите идеи и 3 минути да одговорат на прашања од страна на жири комисијата.

Регистрирајте се сега и нашиот тим ќе ви помогне да ги одговорите сите тие прашања пред настанот!



Eva Piperevska