← Techstars Blog

Денес ви го претставуваме вториот дел од серијата од одговори на најважните за вас прашања сврзани со SW Скопје.

Дали има награди и победници?

Според правилата на SW, ќе има тројца победници кои ќе бидат изгласани од жири комисијата, плус награда за најдобра идеја според публиката. Ќе има награди од спонзори и од претставниците на жири комисијата. Листата со награди ќе биде објавена неколку недели пред настанот.

Дали победниците добиваат учество на некој поголем настан?

Да, постои и таква можност, едната од која е учество на StartUP Conference во Софија, а другата е учество на SW Софија, но освен тоа во моментот организаторите на SW Скопје разгледуваат опции и за други настани каде победниците од SW Скопје ќе може да учестуваат.

Дали може да ја контактирам мрежата откако ќе заврши настанот?

Се разбира дека може. Нашите партнери и пријатели ќе бидат отворени за соработка во било кое време. Доколку не успеете да ги добиете лично, можете да се обратите кон некој од организаторите на настанот кој ќе ве поврзаат со конкретната личност во најбрз можен рок.

Каде можам да ги најдам нивните контакти?

Нивните конктати можете да ги најдете на веб страницата на SW Скопје. Доколку ви требаат повеќе информации за нив, како што веќе кажавме можете да се обратите кон некој од организаторите на настанот кој ќе ве поврзаат со конкретната личност во најбрз можен рок.


,


Eva Piperevska