← Techstars Blog

Останува уште само 1 месец до овогодишниот Startup Weekend Skopje. Сите ние во организацијата се многу возбудени и едвај чекаме да дојде време за да се забавуваме, наградуваме и се разбира да работиме заедно.

Овој пак ние решивме да направиме настан кој ќе наликува на стартап настаните од светски ранг. Сакаме да им овозможиме на младите претприемачи во Македонија, да почуствуваат што значи да се биде дел од таков настан и какви се предностите од сето тоа.

Токму затоа решивме во продолжение од неколку недели да одговориме на најважните за вас прашања сврзани со настанот. Еве дел од нив:

Што можам да научам од менторите кои ќе бидат присутни?

Менторите на овогодишниот Startup Weekend Skopjе се едни од најдобрите експерти во сферата на инвестициите, стартап компаниите и започнувањето на нови бизниси. Секој од нив е експерт во својата сфера, а присутните на настанот ќе можат да научат многу корисни и практични работи од нив.

Дел од нив се експерти со големо искуство во сферата на преприемништвото, некои од нив се поддржувачи на младите претприемачи, други веќе имаат искуство со тоа како се создаваат стартап компании и како се добиваат инвестиции, трети се инвеститори и ангели инветитори кои имаат искуство во создавањето и поддржувањето на млади компании.

Во листата на ментори се вклучени и најдобрите ПР и маркетинг специјалисти кои можат да ви помогнат да научите како најдобро да ги маркетирате вашите идеи во Македонија, но и надвор од неа. Ќе ве научат како се прават маркетинг кампањи и стратегии и како тие можат да ви помогнат најефикасно да го рекламирате вашиот производ.

И за на крај. Во листата на ментори оваа година се вклучени и најдобрите програмери и дизајнери од Македонија, кои ќе ви дадат совети како да го подобрите вашиот производ, така што најдобро ќе биде претставен пред жири комисијата и се разбира да го привлече најмногу нивното внимение.

Кој ментор не смеам да го пропуштам?

Ние се потрудивме да направиме листа од ментори со различни искуства и вештини од Македонија, но и од странство.

Тие на соодветен начин ќе ви помогнат најдобро да ја претставите вашата идеја и се разбира да добиете можност за реални инвестиции.

Според правилата на настанот, секој тим ќе има одреден временски период со секој ментор во Сабота и Недела, кој треба да биде искористен за совети поврзани со подобрување и усовршување на идејата/производот. Пред главните презентации, лидерите на секој од тимовите ќе имаат генерална проба пред менторите, пред кои ќе ги презентираат своите производи и ќе добијат последни совети пред главната презентација.

Што е следно после SW Скопје?

Ние како организатори на SW Скопје и активни членови да стартап заедницата во Македонија, после настанот планираме да ја продолжиме активната промоција на различните начини како да се стигне до вистинска инвестиција. После настанот се планираат различни помали настани, лекции и конференции, кои се надеваме дека ќе им помогнат на младите претприемачи да ги развиваат своите идеи и да ги претставуваат пред потенцијални инвеститори од Македонија и странство.



Eva Piperevska