← Techstars Blog

Во рамките на неколку недели, успеавме да собереме многу прашања поврзани со Startup Weekend Skopje. Еве дел од нив:

Дали ќе има инвеститори на SW Скопје кои реално би инвестирале во мојата идеја?

Како што веќе објавивме, на настанот ќе присустуваат преставници на бугарските акселератори Eleven и Launchub, претставник на бугарскиот пре-акселератор StartIT Smart, македонскиот акселератор New Man`s BA и приватниот ангел инветитор Max Gurvits.

Акселераторите предложија на најдобрите идеи да им дадат т.н fast track за нивните акселераторски програми (или поточно можност за интервју за нивните есенски програми), додека пак Max вети реална инвестиција од неговиот приватен фонд за идејата која нему најмногу ќе му се допадне.

Во моментот неофицијално е потврдено учеството и на Европската банка за развој и инвестиции, која најави инвестирање во идеа или проект претставен од страна на жени претприемачи.

Се разбира дека оваа листа не е финализирана. Наскоро ќе ве информираме за новите инвеститори чие присуство очекуваме да биде потврдено до крајот на овој месец.

 

Кое е нивното портфолио, во кои стартапи инвестирале до сега?

Eleven – e инвестициски фонд со 12 милиони евра, кој обезбедува финансирање на млади стартап компании, во продолжение на неколку фази. Нивното портфолио ги вклучува следниве компании: playgroundenergy.com, sensika.com, vetcloud.co, eventyard.net, legaltrek.com, kidamom.com, lionsharp.com, gymrealm.com, kanbanize.com.

Launchub – e инвестициски фонд создаден во 2012 година. Досега има финансирано над 3 милиони евра во 41 стартап компании од 7 држави меѓу кои и Македонија. Нивното портфолио ги вклучува следниве компании – http://launchub.com/portfolio/

StartIT Smart e претприемачка организација, создадена да го развива претприемачкиот начин на мислење и да ги поддржува младите луѓе во создавањето на свој бизнис. Нивното портфолио ги вклучува следниве компании: http://www.startitsmart.com/about/startups/

NEW MAN’S BUSINESS ACCELERATOR е македонско-американска компанија, за професионална обука, развој на кариери и бизнис поддршка. Неофицијално тие потврдија дека како наградата ќе дадат можност за приклучување кон нивната акселераторска програма: http://newmansba.com/mk/smart-up-center/

Max Gurvits е еден од основачите на Тeres Capital – приватен инвестициски фонд. Тој има 5 годишно искуство во сферата на ризичниот капитал, претприемништво и инвестициското банкарство. Неговата организација Тeres Capital досега има инвестирано во проекти и компании од различни сфери меѓу кои се: обновлива енергија, медиуми, технологии и телекоми, индустрија, здравство, природни ресурси, гејминг и сл. Нивното портфолио ги вклучува следниве компании: http://www.teres-capital.com/venture-capital/track-record/

 

Дали идејата треба да биде поврзана со технологија?

Како што може да се види од портфолиото на ивестициските фондови кои ќе бидат присутни на настанот, вашата идеја не мора да биде поврзана со технологија. Се разбира дека најголем дел од инвестициите во денешно време одат за токму такви проекти, но на Startup Weekend Skopje, вие можеме да претставите идеја поврзана со земјоделството, индустријата, здравството и сл.

 

Дали може да дојдам со идеја за улични продавачи на сладолед?

Претходно споменавме дека на Startup Weekend Skopje можете да претставите било каква идеја. Најважно е таа да биде квалитетно претставена, со мала презентација или демо верзија.

 

Која е мрежата на инвеститори со која соработува SW Скопје?

Мрежата на инвеститори со која соработуваме може да се види на нашата веб страница или да дојдете лично да се запознаете со нив на SW Скопје, бидејќи нивни претставници ќе бидат пристусти на настанот како дел од жири комисијата. Инаку во листата влегуваат:

 

  • Eleven
  • Launchub
  • Start IT Smart,
  • Teres Capital
  • European Bank for Reconstruction and Development
  • NEW MAN’S BUSINESS ACCELERATOR
  • Startupbootcamp Istanbul

, ,


Eva Piperevska