← Techstars Blog

Startup Weekend Skopje

September 19th, 2014

Startup Weekend е 54-часовен настан, каде програмери, дизајнери, маркетинг експерти, продукт менаџери и стартап ентузијасти се собираат да ги споделат своите идеи, да создадат производи и да ги лансираат своите стартап компании!

Startup Weekends претставуваат продолжени викенди, полни со идеи, споделување на искуство, нетворкинг и можност да се научат начините и методите, како од една идеја да се создаде успешен бизнис.

На настанот учествуваат претприемачи и млади професионалци кои имаат различни профили и доаѓаат од различни сфери, како на пример: ИТ специјалисти, дизајнери, менаџери, маркетинг експерти, бизнисмени, потенцијали приватни инветитори, невладини организации и сл.

Startup Weekend е настан специјално направен за претприемачи кои сакаат да добијат коментари во врска со нивните идеи, кои бараат ко-основачи или инвеститори, или кои сакаат да научат нови вештини.

 Настанот започнува во петок, со претставување на идеите од страна на учесниците. По нивното претставување, присутните гласаат за најдобрите идеи, а по гласањето се формираат тимови.

Тимовите можат да се формираат на место или пред самиот настан. Се разбира кон тимовите ќе можат да се вклучат и присутните кои немаат тим и на кои им се допаѓа конкретната идеја и сакаат да станат дел од создавањето на тој продукт.

Во сабота и неделата тимовите активно работат на нивните прототипови и презентации кои во недела вечер ќе бидат претставени пред специјално жири. Откако ќе ги ислушаат сите презентации, жирито гласа и се објавуваат најдобрите стартап идеи, на кои им се врачуваат специјални награди од спонзорите.

Startup Weekend е настан каде нема потреба да ризикувате ништо, каде од вас се бара само да работите за добро да ја презентирате вашата идеја и да се нурнете во водите на успешниот бизнис.

Па доколку сакате да го изживеете ова искуство, ве покануваме да станете дел од него и ви ветуваме дека освен работа, ќе има и многу забава, наградни игри, нетворкинг и што ли уште не!


, ,


Eva Piperevska