← Techstars Blog

startupweekendskopjeБи сакале да ве известиме дека овогодишното издание на Startup Weekend Скопје, ќе се одржи во просториите на NEW MAN’S BUSINESS ACCELERATOR.

NEW MAN’S BUSINESS ACCELERATOR е македонско-американска компанија со мисија преку високоспецијализирани програми да им овозможи на сите што се дел од него да го реализираат својот максимален потенцијал. Компанијата има свои канцеларии во Скопје и Лос Анџелес.

Во рамки на Акцелераторот функционираат:

Career Center – Кариерниот центар ја предводи комуникацијата со студентите, компаниите и инвеститорите и дава активен придонес во дизајнирање на програмите;

Cloud Academy – Обезбедува професионална интердисциплинарна едукација и менторство, со комбинирана настава во живо и на далечина преку користење на најсовремена опрема, во областите: Computer Science and Technology, Arts and Creative Technologies, Computer Networks and Cyber-security;

Smart-up Center – Овозможува бизнис менторство на млади претприемачи и целосна поддршка од креирање на демо верзија на производ/услуга, изработка на бизнис план, до обезбедување на ресурси, основање и водење на компанија;

Open R&D Lab – Работи сврзани со изнаоѓање на нови техники и методи на учење.

Настанот ќе се одржи од 19-21 Септември, во сите простории на акселераторот.

Адресата е: Ул. Варшавска бр. 9А


, , , , ,


Eva Piperevska