Success Story: Победникот Bubblr

Од Startup Weekend Skopje излегоа многу успешни приказни. Една од нив е и приказната на тимот Babblr чија апликација ја доби поддршката од судиите и беа победници на минатогодишниот #swskopje. Babblr app е локациска апликација која препорачува места за забава во вашата непосредна близина и имавме можност да видиме само демо верзија. Сега е преименувана во Cirql и тимот активно работи за да може апликацијата да ја видиме на маркет.

Bubblr_1

За тоа какво беше нивното искуство со учеството на #swskopje можете да прочитате од интервјуто што го направивме со дел од тимот.

Дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Сè уште работиме на апликацијата. За Android е скоро готова, а и на iOS се прават последните тестови. Се надеваме дека во брза иднина ќе имаме финална верзија на маркет.

Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Бевме зафатени со креирање на самата апликација и нејзино подобрување. Сеуште се немаме активно вклучено во наоѓање на инвеститори.

Што е она што го добивте на последниот #swskopje?

Научивме да функционираме како 1 и многу сме горди поради тоа. Научивме заедно-внимателно да ги ислушаме понудените совети и решенија од менторите и заедно да ги анализираме и да ги адаптираме во нашите планови. Колку повеќе средби со менторите, толку повеќе подобрувања доживуваше тогашниот Babblr, сегашниот Cirql. Научивме и како да работиме непрекинато 48 часа, но тоа е друга, поспана приказна.

Дали се гледаме пак на 8ми Мај?

Зошто да не Секогаш сме спремни за нов предизвик и забава.

Доколку сакате да бидете дел од овогодишниот Startup Weekend Skopje, побрзајте early bird картите се веќе во продажба.








Разликата помеѓу претприемач и бизнисмен

Дали сте бизнисмен или претприемач? Дали некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу двете?

Бизнисмените и претприемачите имаат многу сличности, една од нив е тоа што тие нудат работа за невработените, даваат решенија на клиентите и помагаат во создавањето на економијата на одредена нација. Покрај ова, тие не доаѓаат со ист склоп на принципи и модели на размислување.

Следните 10 искази се главните разлики помеѓу бизнисмените и претприемачите:

Оригиналоста на идејата

Бизнисменот може да создаде бизнис од неоригинална идеја. Тој влегува во постоечки бизниси како што се франшизите или продажните салони. Одбира дел од пазарот којшто е полн со клиенти и профит, безразлика дали тоа било негова оригинална идеја или пак била позајмена од некој друг.

Претприемачот е изумител и е првиот создавач на својот производ. Тој инвестира време, енергија и пари на сопствената идеја. Тој не почнува бизнис од неоригинална идеја. Тоа е причината зошто претприемачот започнува со start-up, додека бизнисменот започнува со бизнис.

Намената на подвигот

Повеќето бизнисмени работат со бизнис за профит, живеачка, за достигнување на своите финансиски цели и за станување на сам свој шеф. Всушност, има некои бизниси коишто не се ориентирани кон профит, туку напротив кон својот најважен капитал, луѓето. Тие се повеќе засегнати со искуството на нивните вработени и задоволството на своите муштерии.

Претприемачите се повеќе засегнати кон менување на светот. Тие сакаат да ја следат својата пасија и да остварат врховна цел. Тие не се фокусираат на финансиски награди, туку кон она што тие можат да му го дадат на светот. Нивната цел за да бидат претприемници е едноставно на направат промена во овој свет.

На основа на преземени ризици

Бизнисмените преземаат калкулирани ризици. Тие не можат да си дозволат да изгубат пари и да страдаат од банкрот. Поради ова тие секогаш ја пресметуваат ситуацијата кога станува збор за бизнис.

Претприемачите се како падобранци, преземаат луди ризици. Тие често не се грижат дека ќе губат пари и време само за да ја следат својата пасија. Но бидејќи го прават тоа со љубов, радост и жар, тие често добиваат извонредни награди. Бидејќи претприемачите го прават она што го сакаат најмногу, тие го вложуваат најдоброто од себеси, притоа резултирајќи со повеќе успех.

Според тоа како ги третираат своите вработени

Сопственикот на еден бизнис е работодавец и менаџер. Тој ги најмува вработените за да помогнат неговиот бизнис да расте. Претприемачот е пријател и лидер. Тој наоѓа врсници и луѓе, коишто никогаш не ги третира како машини. Тој ги поканува да му помогнат да порасне.

Со тоа како ги третира муштериите

Еден бизнис сопственик вообичаено ги доживува своите муштерии како негов извор на приходи и купувачи на неговиот производ. За него, муштериите се животната сила на бизнисот.

Претприемачот ги гледа своите муштерии како негов извор за должност и исполнетост. За него, неговите муштерии се неговата сопствена животна сила.

Во тоа како ја доживува конкуренцијата

Бизнис сопственикот се обидува најдобро што може да ги победи своите конкуренти и да ја победи конкуренцијата. Тој исто така размислува и на соработка за да постигне одредени цели.

Претприемачот се обидува најдобро што може да го победи својот најлош конкурент… Себеси.

Во тоа како размислува за пари

Губењето на парите е една од најголемите грижи на бизнисменот. Повеќето сопственици на бизнис, се потпираат на добра економија да отпочнат, оперираат и достигнат успех во бизнисот, особено во продажбата, франшизите и финансиската индустрија.

Претприемачите не се грижат многу за парите, бидејќи секогаш можат да почнат од ништо. Некои претприемачи воопшто и не им е гајле за парите.

Во тоа како се справува со времето

Бизнисменот не сака да губи време. Тој секогаш си го проверува часовникот и не сака ниту малку работа да истече надвор од неговиот распоред. Тој е брз и секогаш на нога.

Претприемачот работи како уметник или пак научник во лабароторија. Неговиот произвот е неговото ремек-дело. Поради тоа тој може да биде спор и да си дозволи поголем период на време за да го заврши и усоврши својот производ.

Во тоа како го гледа светот

Бизнисменот секогаш го гледа светот како можност. Тој го гледа како можност да заработи за живот. Тој исто така гледа можност да им помогне на луѓето кои живеат во него.

Претприемачот наместо можност го гледа светот како должност.

Во тоа како го дефинира успехот

Бизнисменот го дефинира својот успех како успехот на неговиот бизнис и сите заинтересирани страни, коишто го вклучуваат него, неговите ко-сопственици, вработени, клиенти, инвеститори и дури неговата заедница.

Претприемачот не дефинира успех воошто. Тој само си ја врши својата должност и дозволува историјата да го дефинира успехот којшто го постигнал.

Оваа листа не е конечна и не би требало да се земе здраво за готово. На светот му требаат бизнисмените и претприемачите, а дури и тие си требаат помеѓу себе.

Вреди да се напомене исто така дека постојат и луѓе коишто се делумично бизнисмени, делумично претприемачи… Дали ова е успешен микс?

Ако сте спремни да станете иден македонски претприемач, дојдете на Стартап Викенд Скопје и започнете го вашиот стартап!

Original story by Zoran Spirkovski

 








And the winners of SWSkopje are….

After an amazing event, and an incredible atmosphere, lots of energy, enthusiasm and a whole lot of creativity we can say that this year`s Startup Weekend in Skopje can be described with just one word:“WOW”! 

swskopje_winners

We had some of the best supporters you can have. Thank you US Embassy in Skopje, US Mission to UNESCO, T-Home Macedonia, New Man`s Business Accelerator, MK Host, Nescafe, Redbull and many more.

Thank you to all the coaches and judges who offered they honest opinion and mentorship, thank you to all the wonderful and highly motivated participants who showed up at the event with only one goal – to build new companies around their ideas.

Do you want to get to know about our winning teams?

Overall winner was the Babblr app – a location application that recommends places of entertainment close to you.

The second place went to – MaxSoftGames gaming studio that is working on Last Hope, apocalyptic game with zombies.

And the third place went to the app Build UP – an idea that will help businesses retain loyal customers and attract new.

Let us say thank you to all our great supporters and sponsors. See you in Skopje, soon!!








Наградна игра: Твитер маичка за Стартап Викенд Скопје

Денес и 1ви септември, ден на нови почетоци!

Но од денес па натаму, остануваат само 3 недели до почетокот на овогодишниот Стартап Викенд Скопје.

Освен тоа денес започнуваат трите недели полни со изненадувања и награди.

Без разлика дали сакате да бидете дел од настанот или само сакате да го поддржите настанот, организаторите на Стартап Викенд Скопје, решија да направат неколку наградни игри за сите кои се дел од стартап заедницата во Македонија.

Наградните игри ќе бидат различни за различните градови во Македонија. Тимот на Стартап Викенд Скопје од оваа недела ќе ја прошета цела Македонија, ќе ви дојде дома на кафе и ќе ви покаже што значи да се виде дел од Стартап Викенд Скопје и што значи да се биде дел од македонската стартап заедница, без разлика од кој град сте. Затоа останете со нас, споделувајте ги нашите вести, лајкувајте, твитајте и освоете многу интересни награди.

Наградната игра – Твитер маичка за Стартап Викенд – има за цел да ја сплоти стартап заедницата и да ги запознае младите со тоа што всушност претставува Стартап Викенд Скопје.

Правилата се едноставни:

Измислете интересно и смешно објаснување за ИТ поими, како на пример: HTML –  How to meet ladies и објавете го вашето објаснување преку твит со хаштах #swskopje.

Награди:

  • Три маички SW Skopje со најинтересните твитови и нивните Твитер имиња
  • Една карта за првиот ден
  • Една карта за третиот ден
  • Една карта за цел викенд
  • Стикери за латпот и мауспад со логото на swskopje

Дополнување: последниот ден сите твитови ќе бидат претставени на видеобимот на настанот заедно со имињата на нивните сопственици.

Твитовите ќе бидат испечатени и на маичките кои ќе се даваат на учесниците на настанот.

Времетраење на играта: 1-10 Септември

 








F.A.Q Кои се гостите – ментори на овогодишниот Startup Weekend Skopje?

Останува уште само 1 месец до овогодишниот Startup Weekend Skopje. Сите ние во организацијата се многу возбудени и едвај чекаме да дојде време за да се забавуваме, наградуваме и се разбира да работиме заедно.

Овој пак ние решивме да направиме настан кој ќе наликува на стартап настаните од светски ранг. Сакаме да им овозможиме на младите претприемачи во Македонија, да почуствуваат што значи да се биде дел од таков настан и какви се предностите од сето тоа.

Токму затоа решивме во продолжение од неколку недели да одговориме на најважните за вас прашања сврзани со настанот. Еве дел од нив:

Што можам да научам од менторите кои ќе бидат присутни?

Менторите на овогодишниот Startup Weekend Skopjе се едни од најдобрите експерти во сферата на инвестициите, стартап компаниите и започнувањето на нови бизниси. Секој од нив е експерт во својата сфера, а присутните на настанот ќе можат да научат многу корисни и практични работи од нив.

Дел од нив се експерти со големо искуство во сферата на преприемништвото, некои од нив се поддржувачи на младите претприемачи, други веќе имаат искуство со тоа како се создаваат стартап компании и како се добиваат инвестиции, трети се инвеститори и ангели инветитори кои имаат искуство во создавањето и поддржувањето на млади компании.

Во листата на ментори се вклучени и најдобрите ПР и маркетинг специјалисти кои можат да ви помогнат да научите како најдобро да ги маркетирате вашите идеи во Македонија, но и надвор од неа. Ќе ве научат како се прават маркетинг кампањи и стратегии и како тие можат да ви помогнат најефикасно да го рекламирате вашиот производ.

И за на крај. Во листата на ментори оваа година се вклучени и најдобрите програмери и дизајнери од Македонија, кои ќе ви дадат совети како да го подобрите вашиот производ, така што најдобро ќе биде претставен пред жири комисијата и се разбира да го привлече најмногу нивното внимение.

Кој ментор не смеам да го пропуштам?

Ние се потрудивме да направиме листа од ментори со различни искуства и вештини од Македонија, но и од странство.

Тие на соодветен начин ќе ви помогнат најдобро да ја претставите вашата идеја и се разбира да добиете можност за реални инвестиции.

Според правилата на настанот, секој тим ќе има одреден временски период со секој ментор во Сабота и Недела, кој треба да биде искористен за совети поврзани со подобрување и усовршување на идејата/производот. Пред главните презентации, лидерите на секој од тимовите ќе имаат генерална проба пред менторите, пред кои ќе ги презентираат своите производи и ќе добијат последни совети пред главната презентација.

Што е следно после SW Скопје?

Ние како организатори на SW Скопје и активни членови да стартап заедницата во Македонија, после настанот планираме да ја продолжиме активната промоција на различните начини како да се стигне до вистинска инвестиција. После настанот се планираат различни помали настани, лекции и конференции, кои се надеваме дека ќе им помогнат на младите претприемачи да ги развиваат своите идеи и да ги претставуваат пред потенцијални инвеститори од Македонија и странство.








F.A.Q Какви награди ќе се доделуваат на SW Скопје?

Денес ви го претставуваме вториот дел од серијата од одговори на најважните за вас прашања сврзани со SW Скопје.

Дали има награди и победници?

Според правилата на SW, ќе има тројца победници кои ќе бидат изгласани од жири комисијата, плус награда за најдобра идеја според публиката. Ќе има награди од спонзори и од претставниците на жири комисијата. Листата со награди ќе биде објавена неколку недели пред настанот.

Дали победниците добиваат учество на некој поголем настан?

Да, постои и таква можност, едната од која е учество на StartUP Conference во Софија, а другата е учество на SW Софија, но освен тоа во моментот организаторите на SW Скопје разгледуваат опции и за други настани каде победниците од SW Скопје ќе може да учестуваат.

Дали може да ја контактирам мрежата откако ќе заврши настанот?

Се разбира дека може. Нашите партнери и пријатели ќе бидат отворени за соработка во било кое време. Доколку не успеете да ги добиете лично, можете да се обратите кон некој од организаторите на настанот кој ќе ве поврзаат со конкретната личност во најбрз можен рок.

Каде можам да ги најдам нивните контакти?

Нивните конктати можете да ги најдете на веб страницата на SW Скопје. Доколку ви требаат повеќе информации за нив, како што веќе кажавме можете да се обратите кон некој од организаторите на настанот кој ќе ве поврзаат со конкретната личност во најбрз можен рок.








F.A.Q – Повеќе информации за гостите на Startup Weekend Skopje

Во рамките на неколку недели, успеавме да собереме многу прашања поврзани со Startup Weekend Skopje. Еве дел од нив:

Дали ќе има инвеститори на SW Скопје кои реално би инвестирале во мојата идеја?

Како што веќе објавивме, на настанот ќе присустуваат преставници на бугарските акселератори Eleven и Launchub, претставник на бугарскиот пре-акселератор StartIT Smart, македонскиот акселератор New Man`s BA и приватниот ангел инветитор Max Gurvits.

Акселераторите предложија на најдобрите идеи да им дадат т.н fast track за нивните акселераторски програми (или поточно можност за интервју за нивните есенски програми), додека пак Max вети реална инвестиција од неговиот приватен фонд за идејата која нему најмногу ќе му се допадне.

Во моментот неофицијално е потврдено учеството и на Европската банка за развој и инвестиции, која најави инвестирање во идеа или проект претставен од страна на жени претприемачи.

Се разбира дека оваа листа не е финализирана. Наскоро ќе ве информираме за новите инвеститори чие присуство очекуваме да биде потврдено до крајот на овој месец.

 

Кое е нивното портфолио, во кои стартапи инвестирале до сега?

Eleven – e инвестициски фонд со 12 милиони евра, кој обезбедува финансирање на млади стартап компании, во продолжение на неколку фази. Нивното портфолио ги вклучува следниве компании: playgroundenergy.com, sensika.com, vetcloud.co, eventyard.net, legaltrek.com, kidamom.com, lionsharp.com, gymrealm.com, kanbanize.com.

Launchub – e инвестициски фонд создаден во 2012 година. Досега има финансирано над 3 милиони евра во 41 стартап компании од 7 држави меѓу кои и Македонија. Нивното портфолио ги вклучува следниве компании – http://launchub.com/portfolio/

StartIT Smart e претприемачка организација, создадена да го развива претприемачкиот начин на мислење и да ги поддржува младите луѓе во создавањето на свој бизнис. Нивното портфолио ги вклучува следниве компании: http://www.startitsmart.com/about/startups/

NEW MAN’S BUSINESS ACCELERATOR е македонско-американска компанија, за професионална обука, развој на кариери и бизнис поддршка. Неофицијално тие потврдија дека како наградата ќе дадат можност за приклучување кон нивната акселераторска програма: http://newmansba.com/mk/smart-up-center/

Max Gurvits е еден од основачите на Тeres Capital – приватен инвестициски фонд. Тој има 5 годишно искуство во сферата на ризичниот капитал, претприемништво и инвестициското банкарство. Неговата организација Тeres Capital досега има инвестирано во проекти и компании од различни сфери меѓу кои се: обновлива енергија, медиуми, технологии и телекоми, индустрија, здравство, природни ресурси, гејминг и сл. Нивното портфолио ги вклучува следниве компании: http://www.teres-capital.com/venture-capital/track-record/

 

Дали идејата треба да биде поврзана со технологија?

Како што може да се види од портфолиото на ивестициските фондови кои ќе бидат присутни на настанот, вашата идеја не мора да биде поврзана со технологија. Се разбира дека најголем дел од инвестициите во денешно време одат за токму такви проекти, но на Startup Weekend Skopje, вие можеме да претставите идеја поврзана со земјоделството, индустријата, здравството и сл.

 

Дали може да дојдам со идеја за улични продавачи на сладолед?

Претходно споменавме дека на Startup Weekend Skopje можете да претставите било каква идеја. Најважно е таа да биде квалитетно претставена, со мала презентација или демо верзија.

 

Која е мрежата на инвеститори со која соработува SW Скопје?

Мрежата на инвеститори со која соработуваме може да се види на нашата веб страница или да дојдете лично да се запознаете со нив на SW Скопје, бидејќи нивни претставници ќе бидат пристусти на настанот како дел од жири комисијата. Инаку во листата влегуваат:

 

  • Eleven
  • Launchub
  • Start IT Smart,
  • Teres Capital
  • European Bank for Reconstruction and Development
  • NEW MAN’S BUSINESS ACCELERATOR
  • Startupbootcamp Istanbul







Како да го најдете соодветниот ко-основач за вашиот стартап

Во наредните неколку недели, освен тоа што ќе одговараме на вашите прашања, исто така ќе ви дадеме неколку совети за тоа како да се подготвите и да се покажете во најдобро светло, пред ивеститорите на претстојниот Startup Weekend Skopje.

Денес ќе зборуваме за тоа како најлесно и брзо да најдете ко-основач за вашиот стартап, посебно ако не сте програмер или ИТ инжинер, а за да ја реализирате вашата идеја ви треба токму таков тип на партнер.

Прво најбрзо и најлесно програмерите можете да ги најдете во нивните природни средини. На пример на hackathon настани, стартап викенди или во училишта за стартапи, како на пример www.Innovactionlab.org. Овој тип на настани не само што ви даваат можност да се сретнете со луѓе со кои во иднина ќе можете да работите, но и имате можност да изградите мрежа која ќе ви биде извор за препораки за потенцијали ко-основачи во иднина.

Второ, вклучете се кон Facebook групи за стартапи. Можеби токму таму ќе имате среќа да го најдете соодветниот ко-основач за вашиот бизнис.

Трето, бидете различни. Повеќето успешни стартапи се основаат од луѓе кои имаат различно работно искуство и имаат чудни интереси.

И за крај, искуствата кои ќе ги добиете преку волонтерски работи или работи на проекти во определен временски период, можат да предонесат кон пронаоѓање на прекрасни идеи кои понатаму ќе можете да ги реализирате.

Затоа земете ја вашата early-bird влезница и резервирајте го вашето место на овогодишниот Startup Weekend Skopje.








F.A.Q – Зошто не треба да бидете загрижени од тоа дека вашата идеја ќе биде украдена?

Поради големиот број на прашања поврзани со настанот, во наредните неколку денови, ќе се потрудиме да ги одговориме сите.

Денес накратно ќе ви објасниме зошто не треба да бидете загрижени за тоа дека некој може да ви ја украде идејата, и зошто треба да бидете гласни и да ги споделувате вашите идеи.

“A vision without execution is an hallucination.” – Jeffrey E. Garten, The Mind Of The CEO

Погорната реченица им е многу добро позната луѓето во бизнисот, па така потенцијалните инвеститори, бизнис ангели, акцелератори при процесот на одлука каде да ги инвестираат своите пари, начесто се водат по формулата 10% ИДЕЈА, 40% ТИМ, 50% РЕАЛИЗАЦИЈА.

Погорната формула кажува за вредноста на суровата идеја. Многу е побитен тимот позади идејата, како и начинот на кој што идејата е реализирана.

Ако гледаме со претприемачки очи на работите, среќна околност е доколку некој ја ископира вашата идеја, тогаш знаете дека сте на правиот пат, но и чекор понапред од конкуренцијата.

Сепак на крај одлучува тимот и начинот на реазлиација, затоа ве охрабруваме да се пријавите на Стартап Викенд, да ги споделите вашите идеи, да го создадете вашиот тим, и успешно да ја реализирате вашата идеја. Секако не заборавајте дека вредноста на Стартп Викенд е поголема, а тоа вклучува вмрежување и нови контакти, валидација на вашата визија, презентација пред локални и странски инвеститори, бизнис ангели и акцелератори, локална и глобална препознатливост, како и многу забава.

Не чекајте до последен момент, early-bird влезниците се ограничени, затоа побрзајте и резервирајте го вашето место








Startup Weekend Skopje ги кани тинејџерите со интересни идеи да се приклучат кон листата на идни македонски успешни стартапи

Не е лесно да живееш во светот на возрасните, каде треба да чекаш долго време некој да те праша за мислење или коментар. За жал тоа е животот на тинејџерите во денешно време. Многу од нив, чекаат да завршат основно и средно образование, да отидат во друг град или држава и да започнат да се развиваат како експерти во дадена област.

Но дали тоа може да се промени? Дали можеме да ги охрабриме младите да започнат да размислуваат со претприемачки дух?

Се разбира дека може! Веќе сте виделе или чуле за многу млади луѓе кои сеуште се ученици, а веќе имаат успешни идеи и бизниси.

Дру Скот и Ник Далоисио се само два примери, како едно обично хоби може да се преврне во успешен бизнис.

Дру Скот го претворил своето хоби во успешен бизнис со милионски профит, реставрирајќи стари албуми со цел тие да бидат чувани за идни генерации.

Од друга страна пак Ник Далоисио, од Лондон, ја направил својата прва апликација кога бил само 15 години. Тој денес има успешен мултимилионски бизнис.

Затоа без разлика дали сте 15годишен и сеуште учите основно училиште, Startup Weekend е местото каде ќе можете да се сретнете со ментори, инвеститори и претприемачи кои ќе ви помогнат да ја реализирате ваша идеја и да направите успешен бизнис.

Купете го вашиот early bird билет сега. Местата се ограничени!