Повик за блогери на Стартап Викенд Скопје

sw-skopje

Што е Startup Weekend?

Startup Weekend претставува 54 – часовен глобален настан каде се здружуваат програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и да направат план како успешно да ги реализираат, каде ментори се локални и меѓународни стартап експерти.

Во Скопје, овој настан оваа година ќе се одржи по 5ти пат од 20ти до 22ри Ноември во Бизнис Комплексот CoSeed каде што се очекуваат повеќе од 70 учесници, а дел ќе бидат многу локални и меѓународни ментори и судии. Минатогодишниот Стартап Викенд Скопје се одржуваше од 8ми до 10ти Мај оваа година во просториите на Телеком Иновативниот Центар каде имаше над 60 учесници, 15 ментори и околу 20 волонтери.

Сакате да станете официјален блогер за Стартап Викенд Скопје?

Напишете зошто сакате да присуствувате на Стартап Викенд Скопје за да станете „Официјален блогер и медиум“.

5 зошто, 5 затоа:

  • Изложете го вашиот блог/медиум на бизнис, технологија и иновативни лидери

  • Поврзете се со претприемачи, стартапи, дизајнери и инженери

  • Добијте информации и слики од прва рака

  • Имајте пристап до сите тимови, ментори и што е тоа што тие го прават

  • 54 часа забава!

Како да станете официјален блогер/медиум на SW Skopje:

  • Објавете блог пост „Зошто сакам да присуствувам на SW Skopje“ на Англиски или Македонски до 17ти Ноември

  • Споделете го на Facebook и Twitter со хаштаг #SWSkopje

  • Пополнете ја формата за апликацијата – Application form

Организаторите ќе ги одберат Официјалните SW Skopje блогери и медиумски партнери и ќе ги известат преку меил до 18ти Ноември. Одбраните кандидати треба да го потврдат своето присуство до 19ти Ноември.

Постовите на сите блогери ќе бидат официјално објавени на страницата на Up Global Sw Skopje.








#SWSkopje Success story: BrunchBox

Победници на минатиот Стартап Викенд Скопје беа тимот BrunchBox, чија идеја беше преку едноставна платформа бизнис луѓето да се поврзат, да договорат ручек или вечера, со цел да се запознаат или остварат соработка. Направивме интервју со нив, па прочитајте што има да каже победничкиот тим.

1. На четвртиот Стартап Викенд го освоивте првото место. Дали продолживте да работите како тим и дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Да, тимот е останат ист. Апликацијата е сè уште во рана фаза од изработката, се движи споро, но сигурно. Во моментов, апликацијата не е достапна за користење.

2. Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Не. Воопшто не сме размислувале на инвеститори. Сметаме дека најпрво треба да имаме добро истестиран MVP пласиран на пазарот. Денес сите се одлучуваат на земање на туѓи пари, пред воопшто да видат дали нивниот продукт може да генерира приходи. Ние би сакале да се обидеме сами да генерираме приходи преку продуктот, пред да побараме пари од други лица/места.

BrunchBox-1

3. Што е она што го научивте на последниот #swskopje и што би смениле доколку повторно ја имате истата можност да се натпреварувате?

Научивме многу. Научивме да функционираме како тим, да размислуваме трезвено, да носиме тешки одлуки и да ги бираме “битките” кои што ќе ги биеме. 🙂

Малкумина знаат дека вториот ден од #swskopje ни беше изгубен со расправии во тимот, кои што за среќа беа расчистени кон крајот на денот. Така да, единствено нешто што би смениле е процесот на вклучување на луѓе во тимот. Тимот е тој што победува и тој мора да работи како една целина. Доколку нема кохезија во тимот, шансите за победа се многу мали.

4. Што им препорачувате на тие што планираат да дојдат на #swskopje?

Доколку се двоумат, веднаш да купат карти. Искуството е феноменално. Кога ќе пристигнат на првиот ден од настанот, задолжително да ја престават својата идеја (pitch) бидејќи ќе се каат доколку не го направат тоа. 🙂 Многу да внимаваат во кој тим ќе влезат. А кога ќе влезат во тим, да се опуштат, да размислуваат и одлучуваат брзо, да бидат флексибилни и да го дадат максимумот од нив.

  1. Дали се гледаме пак на 20ти Ноевмри?

Се разбира. 🙂

 

Уште помалку од 3 часа остануваат за да резервирате Early bird карта за престојниот Стартап Викенд Скопје. Побрзајте! 🙂

 

 

 








#SWSkopje Success Story: NowPark.me

NowPark.me пробаа со апликација да решат еден голем проблем, а тоа е наоѓањето паркинг простор. Апликацијата овозможува изнајмување на вашето паркинг место додека вие сте на работа или пат, како и евиденција за слободни места на општинските паркинзи. Прочитајте ги нивните совети, како искусен тим имаат што да кажат.

 

1. На четвртиот Стартап Викенд Скопје го освоивте второто место. Дали продолживте да работите како тим и дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Се подразбира дека тимот што е успешен не се менува 🙂 Работиме напорно на апликацијата сите заедно и се надеваме дека апликацијата NowPark.me наскоро ќе биде достапна за сите оние кои сакаат полесно, побрзо да најдат паркинг, да ја симнат.

nowparkme-1

2. Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Моментално имаме заинтересирани инвеститори. Се надеваме дека после учеството на Pioneers of Balkans, каде што сме влезени во полуфинале, ќе успееме да привлечеме повеќе инвеститори 🙂

3. Што е она што го научивте на последниот #swskopje и што би смениле доколку повторно ја имате истата можност да се натпреварувате?

Поради тоа што прв пат учествуваме на #swskopje и тоа што како тим, втор пат бевме на таков настан (hackathon), научивме премногу. Најпрво што морам да го спомнам е тоа што запознавме толку многу паметни, скромни луѓе со големи идеи кои не се плашат да пробаат. Научивме како е да се работи под притисок, како да се работи напорно за да се успее во тоа што го имаме зацртано, како да бидеш успешен во тоа што го сакаш.

nowparkme-2

4. Што им препорачувате на тие што планираат да дојдат на #swskopje?

Hard working – Good looking  🙂

5. Дали се гледаме пак на 20ти Ноевмри?

Мислам дека нè има на список 🙂 Пазете се, напаѓаме!

 

Early bird картите се достапни до 20ти Октоври. Резервирајте и претворете ја вашата идеја во бизнис!

 








#SWSkopje Success Story: Dary

Направивме кратко интервју со дечките од Dary – тим составен од ентузијасти кои имаа апликација за споделување на фотографии со приватен круг на пријатели. Прочитајте ги нивните совети 🙂

 Dary (2)

  1. На четвртиот Стартап Викенд го освоивте третото место. Дали продолживте да работите како тим и дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Да, сè уште работиме како тим. После настанот продолживме да работиме на апликацијата уште малку време, меѓутоа резимирајки ги сите критики и насоки дадени од страна на менторите за време на Стартап Викенд се упативме кон поинаква насока.

  1. Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Имавме неколку разговори со инвеститори, но ништо повеќе од тоа.

  1. Што е она што го научивте на последниот #swskopje и што би смениле доколку повторно ја имате истата можност да се натпреварувате?

Научивме многу корисни работи околу целиот процес на создавање продукт од идеја. Научивме како правилно да ја презентираме идејата и како да ја продадеме пред инвеститорите. Доколку би се натпреварувале повторно не би смениле многу работи освен секако би спиеле повеќе за време на викендот (хаха).Dary-1

  1. Што им препорачувате на тие што планираат да дојдат на #swskopje?

Да бидат спремни со лист и пенкало и главната цел на настанот да им биде здобивање со што е можно повеќе знаење, а не да освојат прво место на настанот.

  1. Дали се гледаме пак на 20ти Ноевмри?

Секако!


Си резервиравте Early bird карта?








10 Прашања што сакам да ги знам за Стартап Викенд Скопје

Дали знаеш што е Стартап Викенд, како да се регистрираш, што треба да донесеш и како да се подготвиш? Одговорите на овие и многу други прашања ќе можете да ги прочитате тука, а доколку имате други прашања слободно можете да нè контактирате на skopje@startupweekend.org или во порака на нашата фан страна.


1. Што е Стартап Викенд?

Стартап Викенд е 54-часовен настан, каде програмери, дизајнери, маркетинг експерти, продукт менаџери и стартап ентузијасти се собираат да ги споделат своите идеи, да создадат производи и да ги лансираат своите стартап компании! Учесниците ќе имаат можност да работат со ментори кои се искусни експерти во своите области, а на крајот ќе ги презентираат своите идеи пред жирито, а за најдобрите ќе има специјални награди и изненадувања 🙂

2. Дали овој настан е за мене?

Учесниците на настанот припаѓаат на различни сфери, најголемиот дел имаат технички (програмери, кодери, дизајнери) или бизнис познавања (маркетинг, финансии, право). Она што ги обединува сите присутни е заедничкиот интерес на претприемништвото, независно дали веќе имаат искуство или прв пат стапнуваат на стартап сцената. Сите учесници сакаат да работат во тим кадешто ќе најдат заеднички интереси, ќе бидат мотивирани и вешти во тоа што го прават за да развијат продукт или бизнис за еден викенд. Ако ова ти е доволно примамливо, Стартап Викенд Скопје е настан за тебе!

3. Дали може да дојдам сам/а или мора да се пријавам со тим?

Не мора да се пријавиш во тим, може и сам. Меѓутоа тоа што треба да го знаеш е дека ако твојата идеја (или идејата на твојот тим) не биде изгласана од страна на присутните од кога ќе завршат сите презентации, ќе треба да се приклучиш на некој од останатите тимови. Целта на гласањето не е да се исклучат некои идеи, туку да се истакнат најпопуларните и тие со најголем потенцијал, а тимовите да бидат што е можно поразновидни од апспект на претходни познавања и одредени вештини на членовите.

4. Како да се регистрирам?

Секој Стартап Викенд настан има соодветен сајт каде што можеш да се регистрираш. За Стартап Викенд Скопје тоа е www.sw.mk, а картите можете да ги купите на следниов линк.

5. Колку чинат картите?

Early bird картите кои ќе траат до 20ти Октомври се по цена од 19.99€, а потоа цената ќе биде 29.99€. Картите за студенти ќе имаат фиксна цена од 14.99€. Во цената се вклучени храна и пијалоци за сите три дена од настанот.

6. Зошто треба да платам за да присуствувам на настанот?

Постојат две главни причини за ова:
• Ова е начин да се покријат делумно трошоците за организирање на настанот. Бидејќи само мал дел од трошоците може да се покријат, останатиот дел се обидуваме да биде покриен од страна на спонзорите.
• Исто така е начин да бидеме сигурни за посветеноста од страна на учесниците, а притоа настанот да остане прифатлив и достапен за сите.

7. Што треба да понесам со мене на настанот?

• Лаптоп и полнач
• Бизнис картички – одлично место за нетворкинг и запознавање нови лица
• Сè она што ќе ти биде потребно доколку останеш 3 дена да работиш без да се вратиш дома 🙂
• Позитивна енергија и мотивација

8. Како да се припремам пред да дојдам?

• Направи истражување за какви корисни и практични стартап алатки можеш да користиш, како и за последните иновативни стартап решенија. На www.startupweekend.org/resources има датабаза од алатки кои може да се најдат на интернет, кои ќе ти помогнат во реализацијата на твојата стартап идеја.
• За време на настанот нема да имаш многу време за спиење, затоа претходните денови одвој си доволно време за да ги наполниш батериите.
• Ако планираш да презентираш, во 60 секунди треба да ги убедиш присутните да гласаат за твојата идеја и да привлечеш тим со кој ќе работиш. Затоа направи доволно истражувања, подготовки и вежбај си го говорот (макар и пред огледало).
• Пред да започне настанот за сите што ќе сакаат да бидат дел од Стартап Викенд ќе биде организирна Стартап Викенд Академија на која што ќе се предаваат теми како Pitching, Марктинг, Дизајн, Претрпиемништво, Бизнис… Сето ова ќе биде за викендот од 20ти до 22ри Ноември да дојдете со доволно знаење и стекнато искуство за да можете најефикасно да работите и во 54 саати вашата идеја да ја претворите во бизнис. (Повеќе детали следуваат.)

9. Дали морам да работам 54 саати без престан?

Не. На некои настани тимовите одлучуваат да работат во петок и/или сабота навечер, но ова ниту е задолжително, ниту се очекува од тимовите. Сепак, за поамбициозните просторот каде што ќе се оджува Стартап Викенд Скопје ќе биде отворена и во текот на ноќта.
no sleep till perfect

10. Какви идеи можам да презентирам?

Најголем дел од презентираните идеи на досегашните настани се поврзани со веб или мобилни апликации. Но, секој е различен и индивидуалноста се цени. Можеш да презентираш идеја за одреден производ, сервис или било каква идеја што ти сметаш дека е креативна, иновативна и вредна да стане бизнис.


Не чекајте до последен момент, early-bird влезниците се ограничени.

2015_09_09_register_now