#SWSkopje Success story: BrunchBox

Победници на минатиот Стартап Викенд Скопје беа тимот BrunchBox, чија идеја беше преку едноставна платформа бизнис луѓето да се поврзат, да договорат ручек или вечера, со цел да се запознаат или остварат соработка. Направивме интервју со нив, па прочитајте што има да каже победничкиот тим.

1. На четвртиот Стартап Викенд го освоивте првото место. Дали продолживте да работите како тим и дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Да, тимот е останат ист. Апликацијата е сè уште во рана фаза од изработката, се движи споро, но сигурно. Во моментов, апликацијата не е достапна за користење.

2. Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Не. Воопшто не сме размислувале на инвеститори. Сметаме дека најпрво треба да имаме добро истестиран MVP пласиран на пазарот. Денес сите се одлучуваат на земање на туѓи пари, пред воопшто да видат дали нивниот продукт може да генерира приходи. Ние би сакале да се обидеме сами да генерираме приходи преку продуктот, пред да побараме пари од други лица/места.

BrunchBox-1

3. Што е она што го научивте на последниот #swskopje и што би смениле доколку повторно ја имате истата можност да се натпреварувате?

Научивме многу. Научивме да функционираме како тим, да размислуваме трезвено, да носиме тешки одлуки и да ги бираме “битките” кои што ќе ги биеме. 🙂

Малкумина знаат дека вториот ден од #swskopje ни беше изгубен со расправии во тимот, кои што за среќа беа расчистени кон крајот на денот. Така да, единствено нешто што би смениле е процесот на вклучување на луѓе во тимот. Тимот е тој што победува и тој мора да работи како една целина. Доколку нема кохезија во тимот, шансите за победа се многу мали.

4. Што им препорачувате на тие што планираат да дојдат на #swskopje?

Доколку се двоумат, веднаш да купат карти. Искуството е феноменално. Кога ќе пристигнат на првиот ден од настанот, задолжително да ја престават својата идеја (pitch) бидејќи ќе се каат доколку не го направат тоа. 🙂 Многу да внимаваат во кој тим ќе влезат. А кога ќе влезат во тим, да се опуштат, да размислуваат и одлучуваат брзо, да бидат флексибилни и да го дадат максимумот од нив.

  1. Дали се гледаме пак на 20ти Ноевмри?

Се разбира. 🙂

 

Уште помалку од 3 часа остануваат за да резервирате Early bird карта за престојниот Стартап Викенд Скопје. Побрзајте! 🙂

 

 

 








#SWSkopje Success Story: NowPark.me

NowPark.me пробаа со апликација да решат еден голем проблем, а тоа е наоѓањето паркинг простор. Апликацијата овозможува изнајмување на вашето паркинг место додека вие сте на работа или пат, како и евиденција за слободни места на општинските паркинзи. Прочитајте ги нивните совети, како искусен тим имаат што да кажат.

 

1. На четвртиот Стартап Викенд Скопје го освоивте второто место. Дали продолживте да работите како тим и дали апликацијата што ја изработивте работи во моментов?

Се подразбира дека тимот што е успешен не се менува 🙂 Работиме напорно на апликацијата сите заедно и се надеваме дека апликацијата NowPark.me наскоро ќе биде достапна за сите оние кои сакаат полесно, побрзо да најдат паркинг, да ја симнат.

nowparkme-1

2. Дали во меѓувреме најдовте инвеститор за апликацијата?

Моментално имаме заинтересирани инвеститори. Се надеваме дека после учеството на Pioneers of Balkans, каде што сме влезени во полуфинале, ќе успееме да привлечеме повеќе инвеститори 🙂

3. Што е она што го научивте на последниот #swskopje и што би смениле доколку повторно ја имате истата можност да се натпреварувате?

Поради тоа што прв пат учествуваме на #swskopje и тоа што како тим, втор пат бевме на таков настан (hackathon), научивме премногу. Најпрво што морам да го спомнам е тоа што запознавме толку многу паметни, скромни луѓе со големи идеи кои не се плашат да пробаат. Научивме како е да се работи под притисок, како да се работи напорно за да се успее во тоа што го имаме зацртано, како да бидеш успешен во тоа што го сакаш.

nowparkme-2

4. Што им препорачувате на тие што планираат да дојдат на #swskopje?

Hard working – Good looking  🙂

5. Дали се гледаме пак на 20ти Ноевмри?

Мислам дека нè има на список 🙂 Пазете се, напаѓаме!

 

Early bird картите се достапни до 20ти Октоври. Резервирајте и претворете ја вашата идеја во бизнис!